7 знаци дека вашата мачка е среќна (и вистински ве сака)
Ви носи подароци
Некои мачки сакаат да им носат и „подароци“ на своите сопственици. Ако мачката е домашна, може да ви донесе нејзина играчка, па дури и мува ако успее да ја фати.
Мачките кои излегуваат надвор некогаш имаат навика и да им носат мали животни што ги уловиле на нивните сопственици, бидејќи за нив ова е знак за љубов.
Бавно трепка кога ве гледа
Ако мачката бавно трепнува додека ве гледа, тоа е јасен знак дека ве сака.
Можете и да го тестирате ова – погледнете ја мачката директно во очи и нежно трепнете, а ако ве сака и се чувствува безбедно со вас, најверојатно и таа ќе го направи истото.
Сака да спие до вас
Мачките кои се чувствуваат безбедно и среќно во домот сакаат да спијат со нивните сопственици.
Дури и ако во текот на ноќта има навика да ви ги гризе нозете или да си игра со вашата коса, штом си легнала до вас, сигурно ве ска.
Ви мјаука
Генерално, мачките не си мјаукаат едни со други. Па, штом вашата мачка мјаука кога сте дома, тоа е нејзин обид да комуницира со вас.
Нормално, мачките мјаукаат на цел глас кога се гладни, но ако мјаука и кога не е најадена, тогаш обрнете ѝ внимание и барем погалете ја.
Спирова С. | Црнобело
