Како да им помогнете на уличните животни преку зимата?

Зимата веќе пристигна, снегот ги покри улиците и можеби прво нешто што помислувате е топло ќебе и чај. Но, само за момент прашајте се како им е на уличните животни кои премрзнуваат на студеното време и нема кој да им даде храна ниту да ги згрижи, ако сите мислат само на своето ќебе.

kako-da-im-pomognete-na-zivotnite-preku-zimata-01

Разбудете ја љубовта, сочувството и хуманоста за овие суштества кои ќе ви возвратат со неизмерна искрена благодарност, топол поглед и многу љубов.

Но, не се само кучињата оние за кои треба да се погрижите. На улиците шетаат и мачиња, но и птици кои поради снегот веќе не можат да најдат случајно паднати трошки за да се нахранат.

Еве неколку идеи како да направите мал, но значаен чекор и некому да му помогнете да преживее.

Згрижете ги

Ако знаете дека околу вашата куќа или зграда има некое куче или маче кое постојано поминува, нема каде да оди и кој да се грижи за него, бидете вие тие кои ќе му направат мало прибежиште од старо дрво, слама или некои стари весници и џемпери.

Оставете ги на непрометно место, по можност покриено, каде нема да може некој да им го растури. Не ги принудувајте да одат баш на тоа место.

Тие се плашливи животинчиња, но оставете ја подлогата, која сами ќе ја испробаат и сигурно повеќе ќе сакаат да лежат на дрвена или сламена топла подлога, отколку на студениот бетон.

kako-da-im-pomognete-na-zivotnite-preku-zimata-1

Отворете ја вратата

Ако живеете во зграда, навечер само малку подотворете ја вратата од влезот каде тие ќе можат барем на кратко да влезат и да се стоплат до утрото.

Ако не се многу, не би требало да пречат никому, само би се стоплиле повеќе отколку да стојат пред затворена врата надвор.

kako-da-im-pomognete-na-zivotnite-preku-zimata-2

Нахранете ги

Не мора да купувате специјална храна, за нив доволни се и остатоците од вашиот оброк, кои сигурно ќе завршат во ѓубре ако не им ги дадете.

Не бидете мрзеливи по ручекот да излезете и да ја оставите храната на некој дел од улицата, тротоарот или каде што знаете дека поминуваат.

Дури и ако не ги гледате во моментот, оставете ја, бидејќи никој друг нема да ја изеде освен оние на кои им е најнеопходна овие денови.

kako-da-im-pomognete-na-zivotnite-preku-zimata-3

Трошки и семки

Не ги заборавајте птиците кои ви ја разубавуваат пролетта со својата милозвучност. Истресете ги трошките од леб пред вратата.

Верувајте, нема долго да стојат и да ви пречат. Купете малку семки, сончоглед или земете малку од житарките за појадок и фрлете на тротоарите или оставете на прозорецот.

Птиците не можат ниту да најдат сами таква храна, ниту да ви побараат, ако не се сетите на нив.

kako-da-im-pomognete-na-zivotnite-preku-zimata-4

Навистина не е тешко, само треба да помислите на нив и да го отворите срцето. Ќе направите нешто прекрасно, поради кое и вие ќе бидете посреќни и поисполнети.

Би можело да ве интересира:

14 фото-докази дека две мачки се подобри од една Ако чувате мачка, знаете колку тоа може да е и стресно и забавно. Но, како изгле...
Позитива на денот: Пред и потоа фотки од улични кучиња кои си нашле свој дом Кученце кое едвај преживеало удар од автомобил, куче кое било фрлено на улица – ...
Ветеринар од Битола, по немила случка со куче (2) од раса бишон, со апел: „Сувото грозје е токсично ... „При јадење и на мала количина на суво грозје кучето треба веднаш да се однесе н...
Работи кои мора да ги имате предвид пред да вдомите куче (за да не го напуштите по неколку месеци) Неочекувана дијагноза со скап третман, гласно лаење, влакна низ домот – сето ова...
16 фотки кои ќе ви покажат дека во домот живее мачка (доказ се бељите што ги прави) „Денес ја нахранив мачката половина час подоцна - таа решила да го покаже бесот ...
Кучиња кои обожаваат снег и мачки кои го мразат - Како нивното однесување го покажува тоа? Едните среќно скокаат по снегот, другите бегаат од него како да е најстрашната р...

Најчитани неделава