Емотивното пријателство на напуштено кутре и неподвижно маче

Парализираното маче и напуштеното кутре станаа најдобри пријатели откако се пронајдени на автопат во Флорида. Мачката Рути не може да се движи, а кутрето Иџи е нејзин верен чувар.

emotivno-prijatelstvo-na-napusteno-kutre-i-nepodvizno-mace-01

Иџи е толку врзан за Рут, развил заштитнички однос до степен што спасителите едвај успеале да ја допрат, затоа што тој постојано ги напаѓал.

„Навистина не знаеме што се случило со неа. Можеби е родена со ваков хендикеп,“ објаснила Дајен од друштвото за грижа на животни која ја пронашла.

„Беше навистина чудна ситуација. И двајцата се пронајдени во добра состојба, не беа ниту валкани, ниту изгладнети, што ни открива дека до неодамна имале дом,“ раскажува таа.

Жаклин Борум која го води здружението за животни “Project Paws” ги вдомила овие неразделни пријатели штом ја дознала нивната приказна.

„Секој пат кога Иџи ќе добие играчка, прво ја носи и ја покажува пред Рут. До сега гледавме стотици пријателства, но ниту едно не беше вака емотивно.“

Би можело да ве интересира:

14 фото-докази дека две мачки се подобри од една Ако чувате мачка, знаете колку тоа може да е и стресно и забавно. Но, како изгле...
Емилија Гогова од Скопје помага на улични животни: „Еве и ова маче ми го донесоа децата од маало - ш... „Се развикале тетка Ема, тетка Ема. Излегов, нешто држат во рацете го кренале, в...
Позитива на денот: Пред и потоа фотки од улични кучиња кои си нашле свој дом Кученце кое едвај преживеало удар од автомобил, куче кое било фрлено на улица – ...
Ветеринар од Битола, по немила случка со куче (2) од раса бишон, со апел: „Сувото грозје е токсично ... „При јадење и на мала количина на суво грозје кучето треба веднаш да се однесе н...
Работи кои мора да ги имате предвид пред да вдомите куче (за да не го напуштите по неколку месеци) Неочекувана дијагноза со скап третман, гласно лаење, влакна низ домот – сето ова...
16 фотки кои ќе ви покажат дека во домот живее мачка (доказ се бељите што ги прави) „Денес ја нахранив мачката половина час подоцна - таа решила да го покаже бесот ...

Најчитани неделава