Најдобриот бебиситер на светот: Булдог кој обожава мачиња

Запознајте го едногодишниот булдог Хами кој живее во Линколн, а негова голема љубов кон мачињата воодушеви милиони низ светот.

najdobriot-bejbisiter-na-svetot-buldog-koj-obozava-macinja-01

Сопственичката на Хами минатиот октомври посвоила напуштена, бремена мачка од улица која ја крстила Мама.

Но, затоа што немала доволно средства да се грижи за напуштеното маче, Мишел побарала помош од организација која обезбедува храна за миленичиња за оние луѓе кои имаат ниски финансиски приходи.

Во октомври Мама се омачила и родила 6 преслатки мачиња.

Булдогот Хами ја има најинтересната улога во оваа семејна идила - тој буквално не се одвојува од нив.

najdobriot-bejbisiter-na-svetot-buldog-koj-obozava-macinja-02

-Кога прв пат ги здогледа мачињата беше многу нежен и внимателен. Се обиде да ги собере на едно место за да ги нахраниме. Се случува со своите шепи дури и да ги гали, вели сопственичката на овие мили животинчиња.

Мишел веќе пронашла дом за шесте мачиња и Мама, а идните сопственици ветиле дека редовно ќе го посетуваат Хами.

najdobriot-bejbisiter-na-svetot-buldog-koj-obozava-macinja-03

Би можело да ве интересира:

16 фотки кои ќе ви покажат дека во домот живее мачка (доказ се бељите што ги прави) „Денес ја нахранив мачката половина час подоцна - таа решила да го покаже бесот ...
Ѓоко од Охрид чува камелеон: „Не сака да се гали, јаде лебарки, вода пие од капките лисја во терариу... „Ранго го имам неколку месеци. Луѓето кои доаѓаат во моето тату студио секогаш с...
Кучиња кои обожаваат снег и мачки кои го мразат - Како нивното однесување го покажува тоа? Едните среќно скокаат по снегот, другите бегаат од него како да е најстрашната р...
16 преслатки миленици кои како да се препородија откако беа вдомени (фото) „Школска другарка ми се јави да ми каже дека под хаубата има заглавено маче и не...

Најчитани неделава