Сакате да чувате маче? Овие работи морате да ги очекувате

Мачињата можат да бидат одлични домашни миленици доколку ги засакате. Откако ќе се вселат во вашиот дом со сигурност ќе најдат место во вашето срце. Но сè си има свои предности и недостатоци.

sakate-da-cuvate-mace-ovie-raboti-mora-da-gi-ocekuvate-01

Ова се неколку негативни работи кои доаѓаат во пакет со вашето ново милениче. Бидете подготвени!

Вашето ново време за станување - 5часот наутро. Ова време се смета како универзално кога треба да ја нахраните или пуштите мачката надвор.

Збогувајте се со кожнениот мебел, во спротивно истиот ќе биде тапациран од страна на ноктите на вашата мачка. На време заштитете го.

Секогаш ќе имате нешто скршено. Не трудете се да го замените,шансите дека ќе биде повторно скршено се големи. Едноставно, тргнете го од дофат на фашата мачка.

Си купивте нови завеси? Не покажувајте ги на вашата мачка бидејќи веќе нема да бидат нови.

Ќе научите да го делите оброкот. Мачките ќе обожаваат да го пробуваат она што вие го консумирате. Што и да е, ќе сакаат да пробаат, навикнете се на тоа.

Без разлика на овие пет негативни работи од чување на мачка, имајте на ум дека вашиот живот ќе биде променет и за многу кратко време ќе се запрашате како воопшто сте живееле без вашата мачка во домот. 

Би можело да ве интересира:

14 фото-докази дека две мачки се подобри од една Ако чувате мачка, знаете колку тоа може да е и стресно и забавно. Но, како изгле...
Позитива на денот: Пред и потоа фотки од улични кучиња кои си нашле свој дом Кученце кое едвај преживеало удар од автомобил, куче кое било фрлено на улица – ...
7 знаци дека вашата мачка е среќна (и вистински ве сака) Спие на грб, нежно ве грицка, ви носи подароци – како да познаете дали вашата ма...
16 фотки кои ќе ви покажат дека во домот живее мачка (доказ се бељите што ги прави) „Денес ја нахранив мачката половина час подоцна - таа решила да го покаже бесот ...
Работи кои мора да ги имате предвид пред да вдомите куче (за да не го напуштите по неколку месеци) Неочекувана дијагноза со скап третман, гласно лаење, влакна низ домот – сето ова...
Емилија од Скопје: „Денес си го најдов кучето што ми го украдоа пред 2 години од двор, среде бел ден... „Џипси се роди дома кај мене, пред мои очи... За на 6 месеци некој да ја земе и ...

Најчитани неделава