Дознајте го тајниот јазик на вашето милениче

Сигурно веќе и знаете да протолкувате кога вашето милениче е гладно или сака да го однесете на прошетка. Покрај тоа, сепак посакувате да знаете што е можно повеќе и да го толкувате „јазикот” на животните.

doznajte-go-tajniot-jazik-na-vaseto-milenice-1

Затоа за вас издвоивме неколку домашни миленичиња и значењето на нивните секојдневни активности.

Протолкувајте го однесувањето на вашиот домашен миленик:

1. Хрчакот ги гризе решетките од кафезот во потрага по внимание. Тој звук често може да е иритирачки, но обидете се да му обрнете повеќе внимание, набавете му некоја нова играчка или променете го неговиот кафез.

2. Кога кучето ви ја допира ногата со шепата тоа е очигледен знак за внимание. Овој начин на допир кучето го изразува најчесто кога е осамено, преплашено или кога сака да си игра со вас. Па исполнете ги желбите на вашето куче.

doznajte-go-tajniot-jazik-na-vaseto-milenice-2

3. Доколку чувате мачка сигурно сте приметиле дека кога ќе ве погледне во очи, нејзиното трепкање се одвива бавно. Тоа е така бидејќи вашата мачка ви покажува дека се чувствува сигурно во ваша близина.

4. Кога вашето папагалче нервозно се качува по решетките на кафезот или пробува да лета внатре во затворениот кафез, тоа со сигурност значи дека е време да го пуштите да лета во вашиот дом. Освен тоа, ако е надвор пријатно времето, не заборавајте да го изнесете на прозорецот или терасата.

Има ли вашиот миленик некое препознатливо однесување кога сака нешто од вас?

Би можело да ве интересира:

7 знаци дека вашата мачка е среќна (и вистински ве сака) Спие на грб, нежно ве грицка, ви носи подароци – како да познаете дали вашата ма...
14 фото-докази дека две мачки се подобри од една Ако чувате мачка, знаете колку тоа може да е и стресно и забавно. Но, како изгле...
18 слатки и смешни фотки поради кои ќе посакате да чувате куче „Секогаш кога ќе ја стави главата во кантата за ѓубре, капакот му се заглавува о...
Работи кои мора да ги имате предвид пред да вдомите куче (за да не го напуштите по неколку месеци) Неочекувана дијагноза со скап третман, гласно лаење, влакна низ домот – сето ова...
16 фотки кои ќе ви покажат дека во домот живее мачка (доказ се бељите што ги прави) „Денес ја нахранив мачката половина час подоцна - таа решила да го покаже бесот ...
Ѓоко од Охрид чува камелеон: „Не сака да се гали, јаде лебарки, вода пие од капките лисја во терариу... „Ранго го имам неколку месеци. Луѓето кои доаѓаат во моето тату студио секогаш с...

Најчитани неделава