Ова е жената која чува бенгалски тигри како домашни миленици

Додека повеќето луѓе обично се релаксираат во својот двор под некое дрво или во градина покрај цвеќиња, галејќи некое кутре или мало маче, Џенис Хејли решила својот двор да го претвори во место каде ќе одгледува два необични домашни миленика – бенгалски тигри.

ova-e-zenata-koja-cuva-bengalski-tigri-kako-domasni-milenici-01

Сејбер е бел бенгалски тигар кој е тежок 270 килограми, а Џанда е кафена женка, исто така бенгалски тигар и тешка е околу 180 килограми.

Двете животни живеат во кафез зад куќата на Џенис во Орландо на Флорида. Таа секојдневно ги храни, гали и ги бакнува, а како што вели, тигарот Сајбер може и да заспие ако го цица нејзиниот палец.

Џенис ја напуштила работата како секретарка пред 20 години за да поминува повеќе време надвор и тогаш решила да оди на курс за дресирање тигри.

Две години подоцна купила тигар кој го нарекла Шуфер, а во 2002 година ја довела и Џанда која сега има 12 години.

Кога Шуфер умрел во 2007 година, Џенис го купила Сејбер, кој тогаш имал само 2 недели.

Би можело да ве интересира:

Емилија од Скопје: „Денес си го најдов кучето што ми го украдоа пред 2 години од двор, среде бел ден... „Џипси се роди дома кај мене, пред мои очи... За на 6 месеци некој да ја земе и ...
Позитива на денот: Пред и потоа фотки од улични кучиња кои си нашле свој дом Кученце кое едвај преживеало удар од автомобил, куче кое било фрлено на улица – ...
16 фотки кои ќе ви покажат дека во домот живее мачка (доказ се бељите што ги прави) „Денес ја нахранив мачката половина час подоцна - таа решила да го покаже бесот ...
Колку се опасни гасениците боров четник (и што да правите ако ги имате во дворот)? Гасениците познати како боров четник се најголемите штетници за боровите, но се ...

Најчитани неделава