Мони - кучето полеано со мазут си го пронајде својот среќен дом во Гевгелија

Тажната приказна на кутрето Мони започнала уште пред 3 месеци, кога била пронајдена во населбата Превалец во Велес прелиена со мазут.

moni-kuceto-poleano-so-mazut-si-go-pronajde-svojot-sreken-dom-01.jpg

Мони била привремено згрижена, додека не отишла да и се одреди состојбата на ветеринар.

Таму потврдиле дека нејзиното тело полека ќе започне да се скаменува, по што ветеринарите советувале да се успие. За Мони еутаназијата бил единствен „лек.“ За среќа, за неа се грижеле упорни луѓе кои не сакале да помислат на ова решение, ако може така да се нарече.

Нејзината терапија траела точно 2 месеци, во кои секојдневно се борела за да преживее.

moni-kuceto-poleano-so-mazut-si-go-pronajde-svojot-sreken-dom-02.jpg

Активистите за вдомување на животни и барале дом, но се плашеле дека таа во секој момент ќе се откаже.

Сепак, целиот труд се исплател. По терапијата Мони била вдомена од млад брачен пар од Гевгелија.

moni-kuceto-poleano-so-mazut-si-go-pronajde-svojot-sreken-dom-03.jpg

Нејзината состојба е далеку подобра благодарение на љубовта која ја одржува во живот.

moni-kuceto-poleano-so-mazut-si-go-pronajde-svojot-sreken-dom-04.JPG

Исто вавко спасување неодамна се случи и во Индија. Приказната за успешно спасеното кученце прочитајте ја тука.

Би можело да ве интересира:

Емилија Гогова од Скопје помага на улични животни: „Еве и ова маче ми го донесоа децата од маало - ш... „Се развикале тетка Ема, тетка Ема. Излегов, нешто држат во рацете го кренале, в...
14 фото-докази дека две мачки се подобри од една Ако чувате мачка, знаете колку тоа може да е и стресно и забавно. Но, како изгле...
16 фотки кои ќе ви покажат дека во домот живее мачка (доказ се бељите што ги прави) „Денес ја нахранив мачката половина час подоцна - таа решила да го покаже бесот ...
Работи кои мора да ги имате предвид пред да вдомите куче (за да не го напуштите по неколку месеци) Неочекувана дијагноза со скап третман, гласно лаење, влакна низ домот – сето ова...
Позитива на денот: Пред и потоа фотки од улични кучиња кои си нашле свој дом Кученце кое едвај преживеало удар од автомобил, куче кое било фрлено на улица – ...
Емилија од Скопје: „Денес си го најдов кучето што ми го украдоа пред 2 години од двор, среде бел ден... „Џипси се роди дома кај мене, пред мои очи... За на 6 месеци некој да ја земе и ...

Најчитани неделава