6 Чудни однесувања на мачките

Ако некогаш сте се запрашале зошто мачката понекогаш се чешка од вас, лудо трча низ куќата или едноставно се однесува чудно, тогаш овие одговори ќе ви појаснат многу.

6-cudni-odnesuvanja-na-mackite-1

Во еден миг се галат, а веќе во следниот мачката ги наострила канџите и си игра со вас. Нивното однесување е навистина специфично и често необјасниво за нивните сопственици.

Погледнете ги овие чудни однесувања, кои сигурно сте ги забележале кај вашиот миленик:

1. Зошто мачките трчаат низ куќата доцна во ноќта?

Трчањето низ куќата започнува со самиот почеток на ноќта и трае во текот на целата вечер. Ова однесување е резултат на инстинкт, кога сите видови на мачки, од лавот и пумата па сѐ до домашните мачки, одат во лов. Тие трчаат и го бркаат пленот, па дури и ако тој не постои реално во вашата куќа. Сепак, во прашање е древен инстинкт.


2. Зошто мачките го мирисаат нашиот здив?

Мачките можат да научат многу од нас врз основа на мирисот на нашиот здив. Тој мирис го врежуваат во нивниот мозок.


3. Зошто мачките ја фрлаат храната надвор од чинијата?

Научниците веруваат дека тоа се случува со цел да се стимулира плен и негово ловење.

6-cudni-odnesuvanja-na-mackite-2jpg

4. Зошто мачките понекогаш нè „гребат” по градите?

Ова однесување своите корени ги влече од растењето на мачето. Додека се мали, мачињата ги притискаат своите шепи за мајката, а кога ќе пораснат тоа го прават како еден вид на потсетување на периодот кога биле мали.


5. Зошто мачките сакат да се тријат околу нашите нозе?

На тој начин тие го делат својот мирис со нас. Во прашање е поврзување со сопственикот, за да им се даде до знаење на другите мачки дека сте само нејзина сопственост.


6. Зошто мачките нè лижат?

Со помош на лижењето, мачките ја одржуваат својата хигиена, а понекогаш тоа го прават и на другите мачки. Сакајќи да ги задоволат сопствениците, ги лижат со цел да им помогнат да ја одржат хигиената.

Би можело да ве интересира:

14 фото-докази дека две мачки се подобри од една Ако чувате мачка, знаете колку тоа може да е и стресно и забавно. Но, како изгле...
16 фотки кои ќе ви покажат дека во домот живее мачка (доказ се бељите што ги прави) „Денес ја нахранив мачката половина час подоцна - таа решила да го покаже бесот ...
7 знаци дека вашата мачка е среќна (и вистински ве сака) Спие на грб, нежно ве грицка, ви носи подароци – како да познаете дали вашата ма...
Позитива на денот: Пред и потоа фотки од улични кучиња кои си нашле свој дом Кученце кое едвај преживеало удар од автомобил, куче кое било фрлено на улица – ...
Јагула од видот „мурена“ испливала на две плажи на Халкидики – дали напаѓа и колку е опасна? Јагулата позната како мурена која била забележана деновиве на вториот крак во Гр...
Митови за животните кои сигурно сте ги слушнале, а не се воопшто точни Кучињата гледаат црно-бело, ноевите си ја закопуваат главата во земја кога се во...

Најчитани неделава