Јагула од видот „мурена“ испливала на две плажи на Халкидики – дали напаѓа и колку е опасна?

Јагулата позната како мурена која била забележана деновиве на вториот крак во Грција може да биде опасна, но не напаѓа ако не ја провоцирате. Покрај тоа, ретко се доближува до брегот, а тоа го прави главно ноќе, кога е активна.

jagula-od-vidot-murena-isplivala-na-dve-plazhi-na-sitonija-dali-napagja-i-kolku-e-opasna-01.jpg

На Инстаграм профилот на Grčka Info беа споделени две објави на кои се гледа вид јагула која дошла до брегот.

На првата објава се гледа дека јагулата е целосно излезена од вода и делува како да е мртва, а наводно била фотографирана во Неос Мармарас.

Втората објава е видео на кое се гледа јагула од истиот вид како се обидува да излезе од водата, пред маж да ја сврти и да ѝ помогне да се врати во морето. Видеото е снимено во Торони – гратче на вториот крак Ситонија.

Кликнете на објавата за да го изгледате видеото:

Според коментарите, станува збор за вид јагула позната како мурена.

Постојат неколку вакви видови јагули, додека онаа која се гледа на објавите од Грција веројатно е медитеранска мурена (Muarena helena).

jagula-od-vidot-murena-isplivala-na-dve-plazhi-na-sitonija-dali-napagja-i-kolku-e-opasna-04.JPG

Овие риби имаат долго тело кое може да достигне должина до 1,5 метри, а нивната тежина може да надмине и 15 килограми.

Имаат долгнавеста уста и остри заби, а виреат во Атлантскиот Океан и Медитеранското Море. Некои видови од оваа јагула живеат и во грчките мориња.

jagula-od-vidot-murena-isplivala-na-dve-plazhi-na-sitonija-dali-napagja-i-kolku-e-opasna-05.JPG

Според веб-сајтот Natura Graeca, кој се фокусира на биодиверзитетот во Грција, мурената е меѓу една од најпознатите риби кај нашиот јужен сосед, а кај локалците е позната и како „смерна“.

Главно е затапена во јужните делови на Грција, а живее на карпесто дно со бујна вегетација, каде што можат да се скрие.

Овие риби живеат на разни длабочини – од 1 до 30, но во некои случаи и до 100 метри. Се хранат со мали риби и ракчиња, но и октоподи, а активни се по зајдисонце.

jagula-od-vidot-murena-isplivala-na-dve-plazhi-na-sitonija-dali-napagja-i-kolku-e-opasna-06.JPG

Иако изгледаат страшно и каснувањето од овие риби може да биде опасно, експертите на веб-сајтот истакнуваат дека не напаѓаат доколку не се провоцирани.

Помалите единки обично се плашливи и ако забележат човек, веднаш се кријат. Возрасните мурени можеби нема да се скријат, но нема да нападнат ако ги оставите на мир.

На веб-сајтот е наведено дека нападите од овие риби најчесто се случуваат кога тие се чувствуваат загрозено, обично од риболовци.

jagula-od-vidot-murena-isplivala-na-dve-plazhi-na-sitonija-dali-napagja-i-kolku-e-opasna-03.JPG

Имало неколку случаи и кога рибите нападнале нуркачи кои кога се доближувале до карпестото дно, несвесно им ги покриле скривалиштата на рибите. Па, и во овој случај, рибата се чувствувала заробено и пробала да се одбрани.

Ако забележите ваква риба додека сте во Грција, сепак е најдобро да се оддалечите и да не ја провоцирате.

jagula-od-vidot-murena-isplivala-na-dve-plazhi-na-sitonija-dali-napagja-i-kolku-e-opasna-02_copy.JPG

Доколку ве гризне, може да ви нанесе повреда со острите заби, а како што е наведено на веб-сајтот, вилицата нема да се опушти дури и ако ѝ се пресече главата. Па, по каснување ќе мора веднаш да одите на лекар.

Ретко се случува овие риби да дојдат до самиот брег, како на објавите од Инстаграм, но ако се доближат, тоа поверојатно е да се случи навечер, кога ловат.

Прочитајте и: Опасни животни што живеат во плитките води во грчките мориња – на што треба да внимавате?

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

14 фото-докази дека две мачки се подобри од една Ако чувате мачка, знаете колку тоа може да е и стресно и забавно. Но, како изгле...
Митови за животните кои сигурно сте ги слушнале, а не се воопшто точни Кучињата гледаат црно-бело, ноевите си ја закопуваат главата во земја кога се во...
16 преслатки миленици кои како да се препородија откако беа вдомени (фото) „Школска другарка ми се јави да ми каже дека под хаубата има заглавено маче и не...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg