Сте се запрашале зошто мачињата мјаукаат?

Ако некогаш во животот сте чувале мачка, сигурно неколку пати сте си го поставиле ова прашање.

ste-se-zaprasale-zosto-macinjata-mjaukaat-1.jpg

Всушност, нема човек кој не сака да знае зошто мачките мјаукаат додека другите спијат или додека се галат.

Мачките кои живеат во дивината испуштаат типични звуци како ‘ржење и мјаукање за време на борба или парење. Така што значењето е јасно - или се лути, исплашени или сакаат да ја импресионираат другата единка.

Меѓутоа обичното „ мјау“ може да биде збунувачко за луѓето.

Интересно е што стручните лица звукот „мјау“ го поврзуваат со плачот на бебето, односно дека секое маче мјаука кога сака нешто и има одредена потреба.

Но, мачките може да мјаукаат на различни фреквенции, тонови и должини. Мјаукањето како молба да ја отворите вратата може да звучи потполно поинаку од мјаукањето за храна.

Сите тонови и должини на мјаукање се нормални, сè додека не станат континуирани и опсесивни.

Во овој случај, мачето треба да го однесете на преглед за да утврдите дека физички и здравствено е во ред.

ste-se-zaprasale-zosto-macinjata-mjaukaat-2.jpg

Би можело да ве интересира:

7 знаци дека вашата мачка е среќна (и вистински ве сака) Спие на грб, нежно ве грицка, ви носи подароци – како да познаете дали вашата ма...
18 слатки и смешни фотки поради кои ќе посакате да чувате куче „Секогаш кога ќе ја стави главата во кантата за ѓубре, капакот му се заглавува о...
Емилија Гогова од Скопје помага на улични животни: „Еве и ова маче ми го донесоа децата од маало - ш... „Се развикале тетка Ема, тетка Ема. Излегов, нешто држат во рацете го кренале, в...
Работи кои мора да ги имате предвид пред да вдомите куче (за да не го напуштите по неколку месеци) Неочекувана дијагноза со скап третман, гласно лаење, влакна низ домот – сето ова...
Ѓоко од Охрид чува камелеон: „Не сака да се гали, јаде лебарки, вода пие од капките лисја во терариу... „Ранго го имам неколку месеци. Луѓето кои доаѓаат во моето тату студио секогаш с...

Најчитани неделава