Едноставни навики со кои ќе му го продолжите животот на кучето

Топлиот дом и љубовта се основата, но ако сакате да уживате во неговото присуство уште неколку години плус, помогнете му да води здрав живот.

ednostavni-naviki-so-koi-ke-mu-go-prodolzite-zivotot-na-kuceto-01.jpg

Никогаш не е доцна за здрав начин на живот, па затоа започнете да ги применувате овие правила уште денес.

Со нивна помош ќе му овозможите долг и безгрижен живот.

1. Одржувајте му ја правилната тежина и давајте му здрави грицки

Ако е возможно, воведете му распоред на оброците. Некои зеленчуци, како на пример морковот и пиперките, послужете му ги како ужина пред да излезете. Додека ве нема миленикот ќе се занимава, а вие нема да се грижите случајно да не огладнел во тој час до два.

ednostavni-naviki-so-koi-ke-mu-go-prodolzite-zivotot-na-kuceto-02.jpg

2. Одржете го активен

Како што на вашето тело му требаат вежби, така и на неговото. Додека шетате или џогирате, земете го со вас. Сепак, имајте на ум да не претерате ако чувате кутре со мал раст.


3. Запознајте пријатели или соседи кои имаат кучиња

На кучињата им се потребни пријатели од нивен вид. Изнесете го кутрето до најблискиот парк, договорете се со пријателот кој има куче за прошетате заедно или пак земете го кучето на соседот и пуштете ги да се подружат.


4. Посветете му внимание

Кучињата, баш како секој човек, имаат потреба од внимание и грижа која ќе ги одржува среќни и во живот.


5. Одржувајте го домот чист, но не претерувајте со хемикалиите

Штом сте се одлучиле да чувате куче дома, треба да имате на ум дека како што на вас ви пречат влакната, него му пречат хемикалиите. Пронајдете ја златната средина.

ednostavni-naviki-so-koi-ke-mu-go-prodolzite-zivotot-na-kuceto-03.jpg

6. Изградете здрава врска со кучето

Не го третирајте како животно, туку како личност. Погрижете се да изградите однос каков што градите со пријателите кои ги сакате безрезервно. Грижете се за тоа како го поминува денот, месецот, животот.


7. Грижете се за неговите заби

Најголемата грешка која сите ја прават е запоставувањето на хигиената на устата кај милениците. Затоа уште денес купете една посебна четка и крекери кои ги чистат непцата. Оралната хигиена може да му го продолжи животот за неколку години.


8. Дозволете му да се релаксира

Да, и на него му треба одмор, мир и тишина. Дозволете му да се сокрие од вас и оставете го на мира. Почитувајте му го личниот простор.

ednostavni-naviki-so-koi-ke-mu-go-prodolzite-zivotot-na-kuceto-04.jpg

Би можело да ве интересира:

Емилија Гогова од Скопје помага на улични животни: „Еве и ова маче ми го донесоа децата од маало - ш... „Се развикале тетка Ема, тетка Ема. Излегов, нешто држат во рацете го кренале, в...
Работи кои мора да ги имате предвид пред да вдомите куче (за да не го напуштите по неколку месеци) Неочекувана дијагноза со скап третман, гласно лаење, влакна низ домот – сето ова...
18 слатки и смешни фотки поради кои ќе посакате да чувате куче „Секогаш кога ќе ја стави главата во кантата за ѓубре, капакот му се заглавува о...
Позитива на денот: Пред и потоа фотки од улични кучиња кои си нашле свој дом Кученце кое едвај преживеало удар од автомобил, куче кое било фрлено на улица – ...
7 знаци дека вашата мачка е среќна (и вистински ве сака) Спие на грб, нежно ве грицка, ви носи подароци – како да познаете дали вашата ма...
Ветеринар од Битола, по немила случка со куче (2) од раса бишон, со апел: „Сувото грозје е токсично ... „При јадење и на мала количина на суво грозје кучето треба веднаш да се однесе н...

Најчитани неделава