Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Бариста 07-05-2024


Мудри животни лекции кои треба да ги научите од кучињата

Кучињата не се само наши најдобри пријатели, тие можат да бидат и нашиот најдобар животен учител.

10-zivotni-lekcii-koi-mozeme-da-gi-naucime-od-kucinjata-0001.jpg

Луѓето често вдомуваат куче за да добијат друштво, но не знаат дека всушност со тоа добиле и бесплатни животни лекции.

1. Опушти се

Во животот секојдневно се сретнуваме со разни притисоци, кои прават да мислиме дека 24 часа не ни се доволни за да завршиме сѐ како што треба. Дури и да е така, не смеете да заборавите дека одморот е важен за вас. Ниедно куче не се плаши да си легне после ручекот и да поспие, а не треба ни вие.

10-zivotni-lekcii-koi-mozeme-da-gi-naucime-od-kucinjata-2


2. Бидете тоа што сте

Кучињата веднаш скокнуваат кон ново искуство штом им се пружи шанса, но во ниеден случај нема да бидат нешто што не се за да импресионираат некого. Да ја имате таа самодоверба е нешто најпрекрасно што можете да го поседувате.


3. Излезете од комфорната зона

Каде е забавата ако цело време сте сериозни? Кучињата обожаваат да изгледаат смешно за играта да им биде поинтересна. Затоа следен пат штом се најдете на некоја забава и се мислите дали да танцувате пред сите тие непознати луѓе, запрашајте се што би направило куче на ваше место.


4. Дајте им шанса на сите

Кога запознаваат некој нов човек или животно, кучињата му приоѓаат без никакви предрасуди или резерви, единствено со желбата да имаат пријател. Уште ако и луѓето беа како нив, зарем немаше светот да биде подобро место?

10-zivotni-lekcii-koi-mozeme-da-gi-naucime-od-kucinjata-4

5. Радувајте се на секојдневното

Дали некогаш сте виделе куче да изгуби интерес за долги прошетки? Секако дека не. Кучињата безусловно се заљубени во секојдневието и кај нив не постои нешто како губење на интерес во добрите животни работи. Затоа време е да започнете да му се радувате на секојдневието и сите ситници кои го прават вашиот живот цел.


6. Храната е супер!

Храната е прекрасна, магична и без разлика што сте човек, сосема е во ред да танцувате додека ја готвите или додека ја јадете.


7. Бидете лојални

Кучињата знаат кои се најважните луѓе во нивниот живот и тие засекогаш остануваат до нив, без разлика што и да се случи. Зарем не би требало истото да е и кај луѓето?

10-zivotni-lekcii-koi-mozeme-da-gi-naucime-od-kucinjata-6


8. Ценете ги малите нешта

Кучињата често сакаат да застанат и да уживаат во најмалите задоволства кои ги пружа животот. Следен пат само испружете ја раката од прозорецот од автомобилот и почувствувајте го ветрот. Уживајте во ситниците.


9. Верувајте на својата интуиција

Кучињата се водени од своите инстинкти, а и луѓето се способни за тоа. Токму тој внатрешен глас и чувство ви го дава вистинскиот одговор, само треба да го послушате.


10. Покажете ја љубовта

Кучињата не се плашат да дојдат до вас и веднаш да ви покажат колку се среќни што ве гледаат. Со луѓето е малку поинаку, секогаш постои мала воздржаност. Но, време е тоа да се промени. Покажете им на вашите најмили колку ви значат. 

mudri-zivotni-lekcii-koi-treba-da-gi-naucite-od-kucinjata-2.jpg

Би можело да ве интересира:

Чував кучиња и мачки - Какво е моето искуство и што можете да очекувате од нив како миленици? Кучето е секогаш умно. Сѐ ве разбира и сѐ ве слуша. Толку е паметно што да можеш...
Одговори на најчестите прашања за мачките: Зошто предат, зошто носат животинки, дали ве сакаат? Мачките се идеални миленици за луѓето што немаат премногу време: независни се, н...
Дали вашето куче спие добро + како да му го подобрите квалитетот на сонот? Осигурете се дека е доволно физички активно и не дозволувајте да спие во многу с...
9 намирници кои се безбедни за вашето куче (и треба да ги вклучите во исхраната) Лубеница за освежување во лето и путер од кикиритки како награда - неколку намир...
Колкав е просечниот животен век на популарните раси на кучиња (и како да им го продолжите животот)? Повеќето раси на кучиња живеат по најмалку 10 години. Но, покрај нивниот просече...
Само ова ќе кажам: „Кучето е најдобриот пријател на човекот“ Нив не им е важно дали имате 7 или 77 години, ако се однесувате добро кон нив, т...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg