Еже: милениче кое никогаш не ви текнало дека може да го чувате

Одамна посакувате ново домашно пријателче, но не знаете што сакате да чувате? Едноставно не сте подготвени за одговорноста и посветеноста која треба да му ја пружите на кучето, но сепак ги посакувате топлината и љубовта кои можете да ги добиете од миленикот?

milenice-koe-nikogas-ne-vi-teknalo-deka-moze-da-go-cuvate-01.jpg

Посакувате нешто мало, но не глушец или хрчак. Постои поинакво решение за вас. Чувајте еж.

Нивното одгледување не бара огромна посветеност ниту пак, средства. Што се однесува до нивната исхрана, во текот на месецот ќе ви биде потребно малку зрнеста храна за мачки, а за останатото сами ќе се погрижат. Покрај нив, повеќе нема да ги имате досадните и страшни муви, комарци или пајаци во домот.

Не им е потребно шетање, ниту пак некое особено тренирање. Она што им е потребно е тркало за трчање и место за одмор. Местото за одмор треба да биде скришна и затворена просторија која ќе им овозможува сигурност во текот денот. Да! Токму така. Овие мали животинки се „ноќни птици“ па во текот на денот најчесто ќе ги будите од нивната слатка дремка.

Нивната хигиена бара од вас само вода, малку бебешки шампон и четка за заби. Подигнете ги во вашите раце, пуштете млака вода во мијалникот и лесно четкајте ги игличките.

Мало предупредување: внимавајте на игличките! Доколку имаат потреба да се заштитат себеси, тие ќе се склопчат во мала бодликава топка и нема да внимаваат на вашите раце.

milenice-koe-nikogas-ne-vi-teknalo-deka-moze-da-go-cuvate-1.jpg

Уживајте во нивниот сладок изглед и топчести црни очиња.

Би можело да ве интересира:

7 знаци дека вашата мачка е среќна (и вистински ве сака) Спие на грб, нежно ве грицка, ви носи подароци – како да познаете дали вашата ма...
18 слатки и смешни фотки поради кои ќе посакате да чувате куче „Секогаш кога ќе ја стави главата во кантата за ѓубре, капакот му се заглавува о...
Позитива на денот: Пред и потоа фотки од улични кучиња кои си нашле свој дом Кученце кое едвај преживеало удар од автомобил, куче кое било фрлено на улица – ...
Ветеринар од Битола, по немила случка со куче (2) од раса бишон, со апел: „Сувото грозје е токсично ... „При јадење и на мала количина на суво грозје кучето треба веднаш да се однесе н...
Ѓоко од Охрид чува камелеон: „Не сака да се гали, јаде лебарки, вода пие од капките лисја во терариу... „Ранго го имам неколку месеци. Луѓето кои доаѓаат во моето тату студио секогаш с...

Најчитани неделава