Зошто го сакам мојот ретривер? (фото)

Мали е мој најдобар пријател веќе 5 години и досега имаше 3 операции. Но, тој сè уште е најсреќното и најрасположено куче кое секој ден ми го разубавува.

zosto-go-sakam-mojot-retriver-01

Полн е со позитивна енергија која ја пренесува на сите. Нема подобро и попаметно куче од него. Тој ми е пример дека без разлика што се случува и што сè треба да се издржи важно е да ја зачуваме волјата за живот и убавата енергија.

Тој е како човек кој најдобро ме разбира, кој знае да ме научи на вистинските вредности, покажувајќи како се сака, како се радува, како се живее.

Го сакам мојот ретривер затоа што тој ме смее, ме сака безусловно, верен е и искрен.

Тој е мојот најдобар пријател, моето семејство, моето сонце во дождливи денови.

Тој никогаш не ме разочарува, знае да ме утеши, ме разбира кога ме гледа со најубавите кафени очи, знае и да се насмее и да се израдува кога сум среќна.

Со него не ми се потребни зборови, доволен е само поглед или збор и секоја болка поминува, секоја радост се споделува.

Заради овие и многу други причини го сакам мојот ретривер и за неговиот петти роденден сакам да му подарам фотографии од сите негови моменти:

Би можело да ве интересира:

7 знаци дека вашата мачка е среќна (и вистински ве сака) Спие на грб, нежно ве грицка, ви носи подароци – како да познаете дали вашата ма...
Работи кои мора да ги имате предвид пред да вдомите куче (за да не го напуштите по неколку месеци) Неочекувана дијагноза со скап третман, гласно лаење, влакна низ домот – сето ова...
18 слатки и смешни фотки поради кои ќе посакате да чувате куче „Секогаш кога ќе ја стави главата во кантата за ѓубре, капакот му се заглавува о...
Позитива на денот: Пред и потоа фотки од улични кучиња кои си нашле свој дом Кученце кое едвај преживеало удар од автомобил, куче кое било фрлено на улица – ...
Ветеринар од Битола, по немила случка со куче (2) од раса бишон, со апел: „Сувото грозје е токсично ... „При јадење и на мала количина на суво грозје кучето треба веднаш да се однесе н...
Кучиња кои обожаваат снег и мачки кои го мразат - Како нивното однесување го покажува тоа? Едните среќно скокаат по снегот, другите бегаат од него како да е најстрашната р...

Најчитани неделава