Нови ѕвезди на Инстаграм: Два питбули кои мислат дека се браќа

Дарен и Филип се два стафордски питбул териери од Бризбејн, Австралија кои ги разбрануваа социјалните мрежи со своите неверојатно прекрасни фотографии кои ја покажуваат нивната искрена братска љубов.

novi-dzvezdi-na-instagram-dva-pitbuli-koi-mislat-deka-se-brakja-001.jpg

Познати се како The Blue Boys, а нивната сопственичка започнала да ги фотографира откако забележала дека тие постојано мораат да спијат заедно, споени и да се гушкаат.

Тие не се вистински браќа, но би можело да се каже дека се по она што може да се види од фотографиите кои ги објавува нивната сопственичка Џенифер МекЛин. Дарен и Филип се неразделни во сè што прават, а и во сè што носат.

„Неразделни се и не можете да ги забележите оддалечени повеќе од еден метар“ – вели МекЛин.

Понатаму таа ја добила идејата и да ги облекува во иста облека. „Немав намера да продолжам по првата фотографија, но забележав дека ја сакаат својата облека и веднаш штом ќе влезат во пижами се гушнуваат и заспиваат во сладок сон“ - додава таа.

Би можело да ве интересира:

16 фотки кои ќе ви покажат дека во домот живее мачка (доказ се бељите што ги прави) „Денес ја нахранив мачката половина час подоцна - таа решила да го покаже бесот ...
Митови за животните кои сигурно сте ги слушнале, а не се воопшто точни Кучињата гледаат црно-бело, ноевите си ја закопуваат главата во земја кога се во...
Бебе елен се роди во Скопје ЗОО: „Оваа преубава дама ни донесе многу радост“ Ова е прва принова кај нас по подолго време, па од Скопје ЗОО на Фејсбук сподели...
16 преслатки миленици кои како да се препородија откако беа вдомени (фото) „Школска другарка ми се јави да ми каже дека под хаубата има заглавено маче и не...

Најчитани неделава