Како да дознаете дали вашата мачка ве сака?

Научниците со години тврдат дека мачките се диви и не се врзуваат лесно за своите сопственици затоа што не се во состојба да развијат чувство дека се зависни од нив.

kako-da-doznaete-dali-vasata-macka-ve-saka-01.jpg

Но, познатата британска новинарка Феј Шопен, која е сопственичка на маче, одлучи да го побие тоа тврдење.

За таа цел, таа вели дека овие 23 докази ви се сосема доволни:

1. Мачката секогаш ве чека – Кога и да влезете дома после работа, таа веќе ве чека пред вратата, затоа што неколку секунди порано ви го препознала автомобилот по звук.

2. Ве следи наоколу – На тој начин мачките се обидуваат да поминат повеќе време со сопственикот. И ако тоа не е љубов...

3. Ве гледа без да трепне – Можеби делува страшно, но мачките воспоставуваат контакт со очите само со луѓето на кои им веруваат.

4. Трепка со очите – А, тоа кај мачките е еднакво со бакнеж.

5. Се мази – Кога сака да ве душка и да ви се мази од раката, дефинитивно се работи за љубов.

6. Ги толерира вашите постапки – Посебно ако ја бакнувате, верувајте дека тоа не и одговара, но ве толерира од љубов.

 7. Сака да си игра – Мачките сакаат кога си играат со сопственикот и можеби тоа е единствениот пат кога ќе ве гризнат намерно.

8. Ви го притиска грбот – На тој начин покажува дека сте нејзини.

9. Ве бара кога ве нема – Мачките забележуваат кога ве нема подолг период, па верувајте дека им недостасувате.

10. Влетува во спалната соба – Кога и да видат затворена врата од вашата спална соба гребат и произведуваат чудни звуци? Тоа е затоа што не сакаат да ги игнорирате.

11. Ве допира – Сигурен знак дека ве сака.

12. Ве лиже – Ова е посебна чест, затоа што со тоа ве смета за член од семејството.

kako-da-doznaete-dali-vasata-macka-ve-saka-02.jpg

13. Ви носи подароци – Иако не е најпријатно кога ќе ви донесе уловен глушец или птица, мачките го прават тоа затоа што ве сметаат за блиски.

14. Ве смачкува како тесто – Баш како што вие сакате да ја гњавите неа.

15. Љубоморна е – Мачките лесно стануваат љубоморни на личности, па дури и предмети на кои им посветувате повеќе внимание од неа. На пример, компјутерот.

16. Ве сопнува – Иритирачки е, но е знак дека сте и омилени и не сака да се одвои од вас.

17. Изведува точки – Ако не ја забележувате доволно, знае да изведе нешто прилично лудо само за да ви го привлече вниманието. На пример, може да се „вклопи“ во вашето омилено парче мебел.

18. Се лути – Баш како и луѓето, ако сте ја оставиле 10 дена на друго место додека вие сте биле на одмор, не очекувајте дека првите 2 дена откако се вративте ќе биде нежна.

19. Ви седи во скут – И тоа прилично често? Тогаш ве обожава.

20. Ви седнува и на други делови од телото – На главата на пример, и е омиленото место.

21. Ви го покажува стомакот – Тоа е најранливиот дел од телото, па со тоа ви искажува доверба.

22. Секогаш е тука некаде – И нема да ве напушти, дури и кога ви е напорна.

23. Мачките сакаат, но не на начин на кој очекувате – нивната љубов е подлабока и помистериозна, но тоа не значи дека не постои.

kako-da-doznaete-dali-vasata-macka-ve-saka-03.jpg

Би можело да ве интересира:

Одговори на најчестите прашања за мачките: Зошто предат, зошто носат животинки, дали ве сакаат? Мачките се идеални миленици за луѓето што немаат премногу време: независни се, н...
Низ илустрации: Докази дека мачките и кучињата се од различни планети Додека кучето ве гледа како бог, мачката е убедена дека вие сте ѝ слуга. Дали по...
Чував кучиња и мачки - Какво е моето искуство и што можете да очекувате од нив како миленици? Кучето е секогаш умно. Сѐ ве разбира и сѐ ве слуша. Толку е паметно што да можеш...
Дали вашето куче спие добро + како да му го подобрите квалитетот на сонот? Осигурете се дека е доволно физички активно и не дозволувајте да спие во многу с...
Дритон од Скопје чува шкотска мачка: „Оби е многу кроток, но не сака луѓето да го задеваат“ „Оби е шкотска раса и има 6 години. Го донесов од Софија, Република Бугарија и о...
Колкав е просечниот животен век на популарните раси на кучиња (и како да им го продолжите животот)? Повеќето раси на кучиња живеат по најмалку 10 години. Но, покрај нивниот просече...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg