Срничка не сака да го напушти човекот кој ja спасил (видео)

Еден вистински љубител на природата не само што сам се грижел и одгледал мала повредена срна која бил напуштена од групата, туку успеал нивната заедничка приказна да ја преточи во видео.

srna-ne-saka-da-go-napushti-covekot-koj-ja-spasil-01.jpg

Дариус бил на прошетка во природа кога ненадејно забележал дека една мала срна која се одвојува од групата бидејќи едната нога и е повредена.

„Срната беше беспомошна. Штотуку беше родена и сè уште имаше крв на стомакот. Иако со сета сила се обидуваше да ја стигне својата група, на крајот престана да се бори и беше напуштена“ – така Дариус ја започнува приказната.

Природата е сурова и грабливци има насекаде, па малата беспомошна срна многу бргу би можела да падне под канџите на некое диво животно. Токму затоа, Дариус ја земал со себе дома.

„Моите миленици не знаеја што да направат, но по краток период го прифатија нејзиното присуство. Првите неколку денови спиеше на моја маица и набргу истата и беше прилично важна. Не можеше да заспие ако маицата не беше покрај неа“ – продолжува Дариус.

Набргу малата срна започнала да заздравува. Мак, кучето на Дариус и срната развиле посебна врска – кучето на еден начин станал нејзин татко и постојано се грижел за малата срна.

По извесен период дошло време срната повторно да се врати во дивината и секоја вечер ја пуштал длабоко во шумата, но срната секоја вечер одново и одново се враќала.

Ова се случувало се додека срната не успеала да ја пронајде својата мајка и повторно се приклучила на својата група.

Неколку месеци подоцна. Дариус повторно наишол на срната која била во одлична состојба.

„Не ја именував за да не се приврзам за неа. Знаев дека еден ден ќе морам да ја вратам назад во дивината. Среќен сум што сега сè уште е здрава и живее со својата група“ – заклучува Дариус.

Би можело да ве интересира:

14 фото-докази дека две мачки се подобри од една Ако чувате мачка, знаете колку тоа може да е и стресно и забавно. Но, како изгле...
10 емотивни сцени од Скопје ЗОО топат срца, низ објективот на Горан Анастасовски „Ако овие фотографии допрат барем едно срце и потсетат дека животните чувствуваа...
Емилија Гогова од Скопје помага на улични животни: „Еве и ова маче ми го донесоа децата од маало - ш... „Се развикале тетка Ема, тетка Ема. Излегов, нешто држат во рацете го кренале, в...
16 преслатки миленици кои како да се препородија откако беа вдомени (фото) „Школска другарка ми се јави да ми каже дека под хаубата има заглавено маче и не...
Убави вести од НП Шар Планина: Забележани се два нови балкански риса – сега има вкупно пет „Имаме нова радосна вест! На нашите трап-камери на територијата на паркот неодам...
18 слатки и смешни фотки поради кои ќе посакате да чувате куче „Секогаш кога ќе ја стави главата во кантата за ѓубре, капакот му се заглавува о...

Најчитани неделава