Добредојдовте во земјата на Тигрите (видео)

Ова е мини документарец за Националниот парк „Tadoba“ во централна Индија, каде популацијата на тигри сè уште може да се забележи во дивината.

dobredojdovte-vo-zemjata-na-tigrite-01.jpg

Додека е снимано видеото, се наближувала сезоната на монсуни, период кога многу тешко можат да се забележат тигрите, бидејќи лесно се кријат во џунглата и не се принудени да бараат вода.

„Кога тигрите се принудени да излезат надвор од џунглата, тогаш најлесно можат да се забележат покрај изворите со вода, но во овој период навистина е тешко да се пронајдат. Ние случајно налетавме на тигар додека се возевме со џип низ шумата“ - објаснува човекот кој стои зад овој документарец, Гунтер Мачу.

Уживајте во патувањето:

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ѓоко од Охрид чува камелеон: „Не сака да се гали, јаде лебарки, вода пие од капките лисја во терариу... „Ранго го имам неколку месеци. Луѓето кои доаѓаат во моето тату студио секогаш с...
Убави вести од НП Шар Планина: Забележани се два нови балкански риса – сега има вкупно пет „Имаме нова радосна вест! На нашите трап-камери на територијата на паркот неодам...

Најчитани неделава