За разлика од луѓето, кучињата ги сакаат пријателите и ги напаѓаат непријателите

Зарем постои поголема среќа од кученце што искрено ви се радува секој пат кога ќе ве види?

13-najubavi-citati-za-kucinjata-01.jpeg

Кучињата се суштества кои знаат безусловно да сакаат. Тие ја гледаат вашата внатрешност и секогаш ви се комплетно предани.

Дел од најубавите цитати за кучињата:

1. „Кучето е единственото суштество на светот, кое те сака тебе повеќе отколку што се сака себеси.“

2. „Кучињата не се целиот наш живот, но тие го прават нашиот живот целосен.“

3. „Кучињата се мудри. Тие ползат до најтивкиот агол, си ги лижат раните и не му се враќаат на светот додека не се целосно подготвени.“

4. „Светот ќе беше поубаво место, ако сите имаа способност да сакаат така безусловно како кучињата.“

5. „Колку повеќе ги запознавам луѓето, толку повеќе ги засакувам кучињата.“

6. „Не се смета големината на кучето во една борба, туку големината на борбата во кучето.“

7. „Кучињата ги сакаат своите пријатели и ги гризат своите непријатели, за разлика од луѓето, кои се неспособни за чиста љубов и секогаш ја мешаат љубовта со омразата.“

8. „Кучето не размислува многу што прави, тоа само го прави тоа што го чувствува.“

9. „Среќа е топло кученце“.

10. „Откако еднаш сте имале прекрасно куче, животот без куче е залуден.“

11. „Кучињата не рационализираат, тие не држат ништо против одредена личност. Тие не ја гледаат човековата надворешност, туку неговата внатрешност.“

12. „Ако нема кучиња во рајот, тогаш кога ќе умрам сакам да одам таму каде што отишле.“

13. „Просечното куче е пофина личност од просечниот човек.“

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Работи кои мора да ги имате предвид пред да вдомите куче (за да не го напуштите по неколку месеци) Неочекувана дијагноза со скап третман, гласно лаење, влакна низ домот – сето ова...
7 знаци дека вашата мачка е среќна (и вистински ве сака) Спие на грб, нежно ве грицка, ви носи подароци – како да познаете дали вашата ма...
18 слатки и смешни фотки поради кои ќе посакате да чувате куче „Секогаш кога ќе ја стави главата во кантата за ѓубре, капакот му се заглавува о...
Позитива на денот: Пред и потоа фотки од улични кучиња кои си нашле свој дом Кученце кое едвај преживеало удар од автомобил, куче кое било фрлено на улица – ...
Емилија Гогова од Скопје помага на улични животни: „Еве и ова маче ми го донесоа децата од маало - ш... „Се развикале тетка Ема, тетка Ема. Излегов, нешто држат во рацете го кренале, в...
Ветеринар од Битола, по немила случка со куче (2) од раса бишон, со апел: „Сувото грозје е токсично ... „При јадење и на мала количина на суво грозје кучето треба веднаш да се однесе н...

Најчитани неделава