5 раси на кучиња идеални за семејства со дечиња

Ветеринарите и познавачите на животни најмногу ги препорачуваат овие 5 раси на кучиња како одличен избор за семејства со мали дечиња.

5-rasi-na-kucinja-idealni-za-semejstva-so-decinja-01.jpg

Без никаков обид за дискриминација, сепак загриженоста за одредени раси на кучиња е оправдана, бидејќи истите не се најпаметен избор за семејства со мали дечиња со оглед на нивната поагресивна природа или понискиот праг на толеранција кога вашите малечки ќе демонстрираат изливи на љубов кон домашното милениче.

Па кои се петте раси на кучиња идеални за семејства со дечиња?

Кокер шпаниел

Меко крзно, долги ушиња и секогаш подготвени за игра. Кокер шпаниел е секако број еден кога станува збор за домашно милениче куче, особено доколку децата се мали.

Одгледувачите на кучиња се согласуваат дека оваа раса е фантастична за семејства со деца - тие се мали, непретенциозни, не прават многу бучава и врева и остануваат мирни дури и кога децата слатко ги „малтретираат“.

5-rasi-na-kucinja-idealni-za-semejstva-so-decinja (1).jpg

Лабрадор

Доколку имате куќа и двор, односно место за малку поголемо куче, идеален избор за вас е лабрадор. Иако се големи кучиња, лабрадорите се сосема безопасни и многу послушни, па затоа е лесно да се истренираат.

Тие се многу пријателски настроени и сакаат да го поминуваат времето надвор, па децата со лабрадорот ќе бидат прилично активни и постојано во трчање наоколу.

5-rasi-na-kucinja-idealni-za-semejstva-so-decinja (3).jpg

Џуџест шнауцер

Овие неодоливо симпатични кученца потекнуваат од Германија и се едни од најпопуларните домашни миленици, најмногу поради нивната неагресивност и малата големина.

Крзното на малиот шнауцер може да биде во четири бои: црна, црно-бела, црно-сребрена и бела.

5-rasi-na-kucinja-idealni-za-semejstva-so-decinja (4).jpg

Мопс

Уште едно куче што спаѓа во расите на мали кучиња. Ќе се вљубите во нивната кратка муцка, збрчканото лице и витканата опашка во облик на спирала.

Мопсовите имаат одличен карактер, без некои огромни барања. Тие само сакаат да се галат, по малку се мрзеливи и преферираат да седат и да си играат дома.

5-rasi-na-kucinja-idealni-za-semejstva-so-decinja (5).jpg

Бигл

Многу интелигентни, и по малку тврдоглави овие кучиња имаат изострено сетило за мирис и префинет инстинкт за трагање, па бидете сигурни дека ќе го следи и заштитува вашето малечко каде и да оди.

Бигл расата се одликува со пријатен темперамент, дружељубиви се, а и ретко имаат здравствени проблеми.

5-rasi-na-kucinja-idealni-za-semejstva-so-decinja (2).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Позитива на денот: Пред и потоа фотки од улични кучиња кои си нашле свој дом Кученце кое едвај преживеало удар од автомобил, куче кое било фрлено на улица – ...
Емилија Гогова од Скопје помага на улични животни: „Еве и ова маче ми го донесоа децата од маало - ш... „Се развикале тетка Ема, тетка Ема. Излегов, нешто држат во рацете го кренале, в...
Работи кои мора да ги имате предвид пред да вдомите куче (за да не го напуштите по неколку месеци) Неочекувана дијагноза со скап третман, гласно лаење, влакна низ домот – сето ова...
7 знаци дека вашата мачка е среќна (и вистински ве сака) Спие на грб, нежно ве грицка, ви носи подароци – како да познаете дали вашата ма...
18 слатки и смешни фотки поради кои ќе посакате да чувате куче „Секогаш кога ќе ја стави главата во кантата за ѓубре, капакот му се заглавува о...
Ветеринар од Битола, по немила случка со куче (2) од раса бишон, со апел: „Сувото грозје е токсично ... „При јадење и на мала количина на суво грозје кучето треба веднаш да се однесе н...

Најчитани неделава