Зошто вашата мачка понекогаш ве каса?

Ви се случило ли да ја галите вашата мачка и таа да преде и да ужива и одеднаш да реши дека треба да ве гризне?

zoshto-vashata-machka-ponekogash-ve-kasa-01.jpg

Со ова се соочил секој што чувал мачка во својот живот. Секако, секој сопственик најдобро знае да го прочита однесувањето на сопствениот миленик, па така и да си одговори себе зошто мачката го каснала.

Но, постојат и неколку општи теории по ова прашање:

Мачките касаат за да покажат дека можат да се изборат со вашето заканувачко однесување. Не е познато како препознаваат закана во вашето галење, но сепак, тоа е мачка и точно знае што прави.

Секогаш кога вие преземате контрола врз некоја ситуација, вашата мачка е тука да ве потсети кој е газда кај вас дома.

Но, запомнете дека некогаш мачките гризаат за да побараат нешто од вас или за да воспостават комуникација. Исто така, може да ве каснат за да ве предупредат да престанете да ги галите (наместо едноставно да избегаат). Многу мачки се презаситуваат од галење и мораат да дадат до знаење дека тоа се случило.

zoshto-vashata-machka-ponekogash-ve-kasa-02.jpg

Како да ја спречите мачката да ве каса?

Ако вашата мачка ве гризе затоа што бара нешто од вас, тогаш можеби треба да престанете да ја задоволувате желбата и со тоа да ја искорените оваа навика.

Подвикнете ѝ на мачката и казнете ја. Тие не ги разбираат вашите зборови, но секако препознаваат дали им се обраќате со налутен тон и точно знаат дека направиле нешто што не треба. Но, кога ќе бидат добри, треба и да ги наградите.

Што и да правите, бидете доследни, бидејќи само на тој начин ќе го воспитате своето милениче.

Може ли да бидете доведени во опасност?

Најчесто не, но не заборавајте дека иако се мали, забите на мачката се доволно силни за да кинат ткива и лигаменти.

Доколку при гризењето мачката ви направи рана, тогаш потребно е да отидете на лекар за да ја санира раната. Исто така, преку нивните заби, особено доколку јадат живо месо, мачките може да пренесат зарази и бактерии.

Следете ги трагите и доколку забележите промени, можно е да има потреба од посериозна лекарска интервенција.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

14 фото-докази дека две мачки се подобри од една Ако чувате мачка, знаете колку тоа може да е и стресно и забавно. Но, како изгле...
16 фотки кои ќе ви покажат дека во домот живее мачка (доказ се бељите што ги прави) „Денес ја нахранив мачката половина час подоцна - таа решила да го покаже бесот ...
7 знаци дека вашата мачка е среќна (и вистински ве сака) Спие на грб, нежно ве грицка, ви носи подароци – како да познаете дали вашата ма...
Работи кои мора да ги имате предвид пред да вдомите куче (за да не го напуштите по неколку месеци) Неочекувана дијагноза со скап третман, гласно лаење, влакна низ домот – сето ова...
Митови за животните кои сигурно сте ги слушнале, а не се воопшто точни Кучињата гледаат црно-бело, ноевите си ја закопуваат главата во земја кога се во...

Најчитани неделава