5 „антистрес“ раси на кучиња кои им делуваат како таблети за смирување на луѓето

Дали знаевте дека луѓето и кучињата повеќе од 30.000 години се приспособуваат на нивниот соживот? 

5-anti-stres-rasi-na-kucinja-01.jpg

За време на тој долг период кучињата го адаптирале нивното однесување и така научиле да препознаваат кога човекот е под стрес и со своето однесување се обидуваат да го смират.

Секое куче може има антистрес ефект врз својот газда, дури и посвоеното улично куче, но некои раси на кучиња се познати по тоа што имаат сличен ефект како и апчињата за смирување:

1. Златен ретривер и лабрадор ретривер

Колку добар смирувачки ефект имаат ретриверите, говори фактот дека оваа раса на кучиња најчесто се користат во терапевтски цели и како кучиња водичи и трагачи.

Тие се исклучително верни и лесни за тренирање, а најсреќни се кога се во друштво на луѓе и се вистински пример за изреката дека кучето е единствено животно што ќе ве сака вас, повеќе отколку што се сака себеси.

5-anti-stres-rasi-na-kucinja (3).jpg

2. Кокер-шпаниел

Припадниците на оваа раса ги обожаваат децата, а познато е и дека лесно се поврзуваат со децата со ментални и емоционални проблеми. Дури и нивното долго и свиленкасто крзно може да делува смирувачки.

Кокер-шпаниелите се лесни за дресирање, тешко се плашат и многу сакаат да му удоволуваат на сопственикот. Добро поднесуваат патување, па лесно ќе можете да ги земете со вас на одмор.

5-anti-stres-rasi-na-kucinja (4).jpg

3. Бернардинец

Оваа прекрасна раса беше инспирација за кучката Дарлинг во приказната за Петар Пан. И тоа е навистина така, бернардинецот сака мали деца, а го красат и големата желба да им удоволи на луѓето како и високиот праг на толеранција.

Тие се полни со љубов и се заштитнички настроени, па затоа се одличен избор за фамилии со мали деца.

5-anti-stres-rasi-na-kucinja (5).jpg

4. Јоркширски териер

Според приказната, за време на втората светска војна, д-р Чарлс Мејо со себе носел и мал „јорки“ додека правел обиколка на ранетите морнарички офицери. Тој делувал позитивно на војниците и им го подигал моралот, па така станал вистински терапевтски пес.

Оваа раса исто така помага и со анксиозноста, така што има способност да создава многу цврста поврзаност со човекот.

5-anti-stres-rasi-na-kucinja (1).jpg

5. Мопс

Многумина ќе кажат дека не е баш најубавото куче, но оваа мала раса освојува со својот шарм, разиграност, послушност и памет. Мопсот сака многу внимание, па затоа секогаш ќе биде ваш верен пријател.

Оваа раса многу се поврзува со луѓето и затоа можете да бидете сигурни дека покрај себе секогаш ќе имате вистински пријател. Исто така, мопсот многу сака галење.

5-anti-stres-rasi-na-kucinja (2).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Позитива на денот: Пред и потоа фотки од улични кучиња кои си нашле свој дом Кученце кое едвај преживеало удар од автомобил, куче кое било фрлено на улица – ...
Работи кои мора да ги имате предвид пред да вдомите куче (за да не го напуштите по неколку месеци) Неочекувана дијагноза со скап третман, гласно лаење, влакна низ домот – сето ова...
7 знаци дека вашата мачка е среќна (и вистински ве сака) Спие на грб, нежно ве грицка, ви носи подароци – како да познаете дали вашата ма...
18 слатки и смешни фотки поради кои ќе посакате да чувате куче „Секогаш кога ќе ја стави главата во кантата за ѓубре, капакот му се заглавува о...
Ветеринар од Битола, по немила случка со куче (2) од раса бишон, со апел: „Сувото грозје е токсично ... „При јадење и на мала количина на суво грозје кучето треба веднаш да се однесе н...
Кучиња кои обожаваат снег и мачки кои го мразат - Како нивното однесување го покажува тоа? Едните среќно скокаат по снегот, другите бегаат од него како да е најстрашната р...

Најчитани неделава