7 митови за мачките во кои многумина залудно веруваат

Мачките се чудесни, крзнени, мали животни со кои го делиме просторот за живеење. Покрај кучињата, мачките се најчестите домашни миленичиња. 

7 mitovi za mackite vo koi mnogumina veruvaat 01

Тие сè уште се поврзуваат со нешто мистериозно, темно и страшно, што само покажува колку тешко се решаваме од некои средновековни верувања.

Во тоа време мачките се сметале за ѓаволски симболи, всушност, многумина во мачките ја виделе инкарнацијата на самиот ѓавол.

Денешните домашни мачки се најзастапените домашни животни. Постојат околу 40 поттипови на овие фасцинантни човечки придружници.

Ова се 7 митови за мачките во кои многумина веруваат:

Мачките сакаат млеко

Мачките, како и другите цицачи, пијат млеко додека се мали, но кога ќе се одвикнат од мајчиното млеко престануваат да произведуваат ензими потребни за создавање на млекото. Ова значи дека повеќето мачки се нетолерантни на лактоза.

Постои уште еден проблем со млекото, а тоа се масти и калории, што значи дека мачките можат да се здебелат од млекото.

Мустаќите им помагаат да одржат рамнотежа

Сите веруваат дека мустаќите се поврзани со рамнотежата на мачките. Но мустаќите им служат за навигација и сензорна перцепција.

Мустаќите на мачките се создадени од ист материјал како и роговите на другите животни, од кератин. Преку мустаќите тие можат да ги чувствуваат промените во воздухот и сл.

Губење на мустаќите би предизвикало дезориентација, збунетост и исплашеност.

7 mitovi za mackite vo koi mnogumina veruvaat 02

Мачките секогаш слетуваат на нозе

Мачките не можат секогаш да слетаат на нозете. Ова го прават затоа што имаат способност да го превртуваат својот ’рбет. Кога скокаат или паѓаат, нивното чувство за рамнотежа се балансира, додека ’рбетот се ротира и израмнува за безбедно паѓање.

Се работи за рефлекс на кој му е потребно време. Ако мачката падне од ниска височина, обично нема да има време да се сврти целосно и да слета на нозе.

Тие се по природа осамени

Мачките можат да преживеат сами, а кога се собираат во групи најчесто ротираат околу една основна група на женки. Освен што дивите мачки се собираат во колонии, тие делат и одговорности, ги чуваат мачињата, а дури имаат и најдобри пријатели.

7 mitovi za mackite vo koi mnogumina veruvaat 03

Мачките не ги разликуваат боите

Мачките на некој начин имаат потешкотии да ја разликуваат зелената и црвената боја. Очите на мачките ја собираат сината и виолетова боја, па светот го гледаат како некој што не разликува зелена и црвена боја.

Мачките јадат зеленчук

Многу хранливи материи за мачките доаѓаат од месото. Тие, исто така, имаат потреба од протеини, повеќе од другите животни. Недостатокот на овие хранливи состојки и протеини може да резултира со проблеми со кожата, губење на слухот, па дури и проблеми со срцето и црниот дроб.

Вегетаријанската храна содржи високо ниво на јаглероден хидрат, а мачките не можат да го сварат тој износ.

Домашните мачки се исти како дивите

Дивите мачки се родени и одгледани без никаков контакт со луѓето. Никогаш немале добри односи со луѓето, а обично се плашат од нив. Поради таквиот живот не се социјални.

Од друга страна, домашните мачки ги познаваат луѓето и можат да бидат љубезни.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Одговори на најчестите прашања за мачките: Зошто предат, зошто носат животинки, дали ве сакаат? Мачките се идеални миленици за луѓето што немаат премногу време: независни се, н...
10 грешки што треба да ги избегнувате ако (првпат) чувате мачка Никако немојте да ѝ ги сечeте ноктите и немојте да ѝ давате млеко – Кои се најче...
Чував кучиња и мачки - Какво е моето искуство и што можете да очекувате од нив како миленици? Кучето е секогаш умно. Сѐ ве разбира и сѐ ве слуша. Толку е паметно што да можеш...
Низ илустрации: Докази дека мачките и кучињата се од различни планети Додека кучето ве гледа како бог, мачката е убедена дека вие сте ѝ слуга. Дали по...
Дали вашето куче спие добро + како да му го подобрите квалитетот на сонот? Осигурете се дека е доволно физички активно и не дозволувајте да спие во многу с...
9 намирници кои се безбедни за вашето куче (и треба да ги вклучите во исхраната) Лубеница за освежување во лето и путер од кикиритки како награда - неколку намир...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg