4 животни лекции што ќе ги научите од вашиот домашен миленик

Чувањето милениче може да биде предизвик, но сигурно ќе се согласите дека вреди да се вложи напор да се грижиме за едно такво суштество. Животните можат да нѐ научат многу нешта за животот. 

4 zivotni lekcii sto ke gi naucite od vasiot domasen milenik 01

Еве ги најважните животни лекции што ќе ги научите токму покрај вашиот миленик:

Домашните миленици нè учат на лојалност

Сите ќе се согласиме дека миленичињата се неверојатно лојални суштества. Тие ќе се израдуваат најмногу кога ќе рпистигнете дома после долг ден на работа, тие ќе изреагираат заштитнички кога некој непознат ќе се обиде да ви се доближи и тие ќе ви подарат безусловна љубов.

Лојалноста што ја докажуваат секојдневно треба да ве потсети на начините на кои треба да им бидеме лојални на саканите луѓе во животот. Лојалноста не е тема за која разговараме многу, иако е многу важна компонента во меѓучовечките односи.

Честопати се фокусираме на чесноста, отвореноста и љубовта кога разговараме за односите, но поретко ја објаснуваме важноста да се биде лојален еден на друг преку поддржување на одлуките на другиот, присуството кога некој има потреба од тоа и чувањето на доверливите моменти.

4 zivotni lekcii sto ke gi naucite od vasiot domasen milenik 02

Домашните миленици нѐ учат да бидеме задоволни

Во свет полн со можности луѓето сепак се споредуваат едни со други. Без разлика дали имате прекрасен сопруг, најубава сопруга, неверојатно друштво, одлична работа, супер здравје и луксузен дом, секогаш ќе има даден момент во кој ќе го споредите своето со туѓото.

Миленичињата не мора да се грижат за заостанати сметки, поправки низ домот или грижа за некој болен роднина, но нѐ потсетуваат дека го имаме тоа што ни е потребно за да се чувствуваме задоволни - храна, вода, засолниште и љубов.

Нив им е доволно само да бидат покрај својот сопственик, што значи дека она што е најзначајно е да поминуваме време со најблиските без разлика дали тоа подразбира заедничка активност или само одмор еден покрај друг.

4 zivotni lekcii sto ke gi naucite od vasiot domasen milenik 03

Домашните миленичиња нѐ учат да бидеме благодарни

Оваа животна лекција оди рака под рака со концептот на задоволство: Прво учиме да бидеме задоволни со она што го имаме, а потоа учиме да изразиме благодарност за тие работи.

Миленичињата се благодарни за наједноставните мали нешта во животот, а повеќето се способни да ја изразат својата благодарност на специфични начини. Треба да се запрашате дали во животот им пристапувате на малите нешта со толку многу ентузијазам како вашето куче кога ќе сфати дека ќе оди на прошетка.

Неговото неодоливо однесување треба да ви отвори една нова перспектива што ќе ви покаже дека имате нешто за кое треба да се будите благодарни секој ден.

4 zivotni lekcii sto ke gi naucite od vasiot domasen milenik 04

Домашните миленичиња нѐ учат на одговорност

Како што знае секој сопственик на милениче, грижата за нашите крзнени пријатели подразбира многу работа. Работата е исплатлива, но сепак е работа.

Планирањето прошетки, вакцинирање, непланирани ситуации, одржување на просторот за живеење, капење, чешлање… Сите овие задачи ни помагаат да станеме поодговорни во однос на нашето време и нашите ресурси.

4 zivotni lekcii sto ke gi naucite od vasiot domasen milenik 05

А. Ш. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Емилија Гогова од Скопје помага на улични животни: „Еве и ова маче ми го донесоа децата од маало - ш... „Се развикале тетка Ема, тетка Ема. Излегов, нешто држат во рацете го кренале, в...
Митови за животните кои сигурно сте ги слушнале, а не се воопшто точни Кучињата гледаат црно-бело, ноевите си ја закопуваат главата во земја кога се во...
Емилија од Скопје: „Денес си го најдов кучето што ми го украдоа пред 2 години од двор, среде бел ден... „Џипси се роди дома кај мене, пред мои очи... За на 6 месеци некој да ја земе и ...
Кучиња кои обожаваат снег и мачки кои го мразат - Како нивното однесување го покажува тоа? Едните среќно скокаат по снегот, другите бегаат од него како да е најстрашната р...

Најчитани неделава