Слеп златен ретривер и неговата пријателка-водич го освојуваат Инстаграм

Тешкотиите во животот не само што ве тестираат, туку и ви откриваат кои се вашите вистински пријатели. Па кога Џејк, 2-годишниот златен ретривер, го изгубил својот вид, неговата пријателка Ади истапила и му помогнала да се прилагоди на новиот живот.

slep-zlaten-retriver-i-negovoto-kuche-vodich-go-osvojuvaat-internetot-01.jpg

Ади одново и одново докажувала дека може да биде лојален водич и придружник и заслужува да се нарече најдоброто куче.

„Го земавме Џејк кога почина нашето куче Моли, а Ади дојде во нашите животи откако умре другото куче. Џејк беше навистина тажен кога го изгуби пријателот, па знаевме дека ќе му треба друштво“, изјавила сопственичката Ким.

slep-zlaten-retriver-i-negovoto-kuche-vodich-go-osvojuvaat-internetot-02.jpg

Џејк ја следи Ади по нејзините звуци и мирис. После операцијата на Џејк, Ади носела ѕвонче сè додека Џејк не се навикнал да ја следи самиот.

slep-zlaten-retriver-i-negovoto-kuche-vodich-go-osvojuvaat-internetot-03.jpg

Проблемите на Џејк започнале кога наполнил 2 години.

„Забележавме проблеми со неговите очи и откривме дека повеќе не лачи солзи. По неколку месеци, и покрај следењето на терапијата и неколку операции, неговите очи го изгубија видот. Бевме соочени со болна одлука – да му ги отстраниме очите на Џејк или да го заспиеме.“

slep-zlaten-retriver-i-negovoto-kuche-vodich-go-osvojuvaat-internetot-04.jpg

И двете опции ѝ изгледале сурово на Ким, особено за куче кое поминало низ толку многу.

„Сепак, следните неколку денови бевме контактирани од многу сопственици на слепи кучиња. Тие нè охрабрија со издржливоста на нивните кучиња кои и после губењето на видот живееле нормални и среќни животи.“

slep-zlaten-retriver-i-negovoto-kuche-vodich-go-osvojuvaat-internetot-05.jpg

На Ким ѝ помогнал и советот од ветеринарот којшто ѝ кажал дека видот е всушност на трето место кај сетилата на кучињата. Mирисот и слухот им биле многу поважни.

Со оваа информација предвид, Ким одлучила да му ги отстрани очите на Џејк.

„Веднаш откако се разбудил после операцијата, ветеринарот ни кажа дека Џејк почнал да мавта со опашката! Неговите месеци со болки поминаа и тој ни го кажа тоа.“

slep-zlaten-retriver-i-negovoto-kuche-vodich-go-osvojuvaat-internetot-06.jpg

Иако имало период на прилагодување на новиот живот на Џејк, тој постојано ги изненадувал со неговиот пристап на околностите. Одвреме-навреме му се случувало да се судри со нешто, но без проблем се движел низ домот и соседството. Најдоброто е што му се вратила и неговата игрива природа.

slep-zlaten-retriver-i-negovoto-kuche-vodich-go-osvojuvaat-internetot-07.jpg

„Пресреќни сме со изборот што го направивме и благодарни сме им на луѓето кои нè охрабрија да го направиме. Џејк секој ден нè потсетува дека животот сепак има цел и вредност, и покрај сте предизвици.“

slep-zlaten-retriver-i-negovoto-kuche-vodich-go-osvojuvaat-internetot-08.jpg

Кога не истражуваат и кога не одат на авантури, Џејк и Ади живеат нормален живот. Нивниот ден обично почнува со утринска прошетка и појадок. После појадокот средувала дремка, а после тоа е време за играње.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Работи кои мора да ги имате предвид пред да вдомите куче (за да не го напуштите по неколку месеци) Неочекувана дијагноза со скап третман, гласно лаење, влакна низ домот – сето ова...
Емилија Гогова од Скопје помага на улични животни: „Еве и ова маче ми го донесоа децата од маало - ш... „Се развикале тетка Ема, тетка Ема. Излегов, нешто држат во рацете го кренале, в...
Позитива на денот: Пред и потоа фотки од улични кучиња кои си нашле свој дом Кученце кое едвај преживеало удар од автомобил, куче кое било фрлено на улица – ...
18 слатки и смешни фотки поради кои ќе посакате да чувате куче „Секогаш кога ќе ја стави главата во кантата за ѓубре, капакот му се заглавува о...
Ветеринар од Битола, по немила случка со куче (2) од раса бишон, со апел: „Сувото грозје е токсично ... „При јадење и на мала количина на суво грозје кучето треба веднаш да се однесе н...
16 фотки кои ќе ви покажат дека во домот живее мачка (доказ се бељите што ги прави) „Денес ја нахранив мачката половина час подоцна - таа решила да го покаже бесот ...

Најчитани неделава