Зошто пчелите се неопходни за светот и како да го спречиме нивното истребување?

Досега сигурно имате слушнато дека пчелите се загрозен вид. Претераната и неправилна употреба на пестициди, одредени паразити климатските промени и човечките изуми се само некои од факторите што придонесоа во намалувањето на нивниот број. 

koja-e-vazhnosta-na-pchelite-i-kako-da-go-sprechime-nivnoto-istrebuvanje-01.jpg

Според научниците, доколку овој тренд продолжи, може да значи и крај на човештвото.

Но која е важноста на пчелите? Зошто толку многу зависиме од нив? И најважното, дали има начин да ги тргнеме од листата на загрозени видови?

Дознајте повеќе во продолжение.

Пчелите се одговорни за третина од опрашувањето ширум целиот свет

Пресметано е дека една третина од храната што ја консумираме зависи од опрашувањето. Опрашувањето, пак, воглавно зависи од пчелите, но и од дури инсекти и птици.

Овошките и зеленчуците кои „зависат“ од пчелите се авокадо, соја, сусам, краставици, цитрусни овошја, киви, цреши, боровинки, аспарагус, брокула, целер…

koja-e-vazhnosta-na-pchelite-i-kako-da-go-sprechime-nivnoto-istrebuvanje-02.jpg

Помагаат во опрашувањето и на други растенија

Опрашувањето е важен процес и за други растенија, како на пример памукот или кафето. Покрај тоа, пчелите ги опрашуваат и растенијата како детелината, кои пак се користат за исхрана на добитокот.

Кога ќе се земе сето ова предвид, храната на речиси сите животински видови зависи од пчелите.

koja-e-vazhnosta-na-pchelite-i-kako-da-go-sprechime-nivnoto-istrebuvanje-03.jpg

Знак за здрав екосистем

Во екосистем каде што има пчели, нештата се одвиваат природно, без потреба од интервенција од човек. Токму опрашувањето на пчелите е „виновно“ за генетската разновидност на цветовите, но и на разни овошки и зеленчуци.

koja-e-vazhnosta-na-pchelite-i-kako-da-go-sprechime-nivnoto-istrebuvanje-04.jpg

Тие се економска сила

Според Британската асоцијација на пчелари, пчелите придонесуваат околу 185 милиони долари годишно, и тоа само во Велика Британија.

Како што напоменавме, многу видови храна зависат од пчелите. Дури и ако пчелите не опрашуваат некое растение, тоа има индиректни придобивки од околина со биодиверзитет.

koja-e-vazhnosta-na-pchelite-i-kako-da-go-sprechime-nivnoto-istrebuvanje-05.jpg

Тие се највредните суштества

Знаевте ли дека пчелите имаат „општествено“ уредување и секоја од нив си има своја улога? Има пчели чистачи кои се задолжени за чистење на гнездото. Постојат медени пчели кои го произведуваат мед. 

Потоа има пчели кои го градат саќето, пчели кои собираат храна, пчели чувари и пчели кои предизвикуваат воздушно струење за да го дехидрираат нектарот. Тие живеат во заедница од околу 15.000 до 18.000 пчели.

koja-e-vazhnosta-na-pchelite-i-kako-da-go-sprechime-nivnoto-istrebuvanje-06.jpg

Ја прават планетата убава

Веќе кажавме дека пчелите се одговорни за опрашувањето, па доколку ги нема, ќе нема ни цветови. Покрај тоа, секој опрашен цвет станува безбедно засолниште за други инсекти или птици.

koja-e-vazhnosta-na-pchelite-i-kako-da-go-sprechime-nivnoto-istrebuvanje-07.jpg

Тие се најважните инсекти

Според институтот EarthWach, пчелите се најважните инсекти што постојат. Наводно, речиси 250.000 видови растенија и цветови зависат од нив.

Покрај тоа, економската вредност на опрашувањето од пчелите е пресметана на околу 130 милијарди евра. Изгледа дека светот без пчелите е незамислив, но постепено се движиме кон тоа ако продолжиме со несовесноста.

koja-e-vazhnosta-na-pchelite-i-kako-da-go-sprechime-nivnoto-istrebuvanje-08.jpg

Произведуваат и други нешта

Пчелиниот восок е најчистата и најприродната супстанца. Покрај тоа, пчелите се одговорни и за пчелиниот полен, како и прополисот.

koja-e-vazhnosta-na-pchelite-i-kako-da-go-sprechime-nivnoto-istrebuvanje-09.jpg

Како да го спречиме истребувањето на пчелите?

Бидејќи ситуацијата со пчелите станува алармантна, добро е и вие да придонесете во нивната заштита.

Постојат неколку работи што можете да ги направите:

- Засадете локални цветови во градина, парк или на вашиот балкон.

- Избегнувајте ги хемиските пестициди и правете домашни. Можете да го направите тоа со лук или пипер.

- Немојте да ги уништувате кошниците на пчелите.

- Доколку забележите пчела во опасност, пчела која се дави или која е заглавена, најдобро е да ја „вратите во живот“ со малку вода и мед.

- Доколку имате двор или тераса, направете мала фонтана за пиење. Доволно е во сад да ставите малку вода и неколку камења.

- Кога сте во можност, консумирајте локални органски продукти.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

14 фото-докази дека две мачки се подобри од една Ако чувате мачка, знаете колку тоа може да е и стресно и забавно. Но, како изгле...
16 фотки кои ќе ви покажат дека во домот живее мачка (доказ се бељите што ги прави) „Денес ја нахранив мачката половина час подоцна - таа решила да го покаже бесот ...
Кучиња кои обожаваат снег и мачки кои го мразат - Како нивното однесување го покажува тоа? Едните среќно скокаат по снегот, другите бегаат од него како да е најстрашната р...
Ѓоко од Охрид чува камелеон: „Не сака да се гали, јаде лебарки, вода пие од капките лисја во терариу... „Ранго го имам неколку месеци. Луѓето кои доаѓаат во моето тату студио секогаш с...
16 преслатки миленици кои како да се препородија откако беа вдомени (фото) „Школска другарка ми се јави да ми каже дека под хаубата има заглавено маче и не...

Најчитани неделава