Нуркач „убедува“ октопод да го замени засолништето од пластична чаша со школка (видео)

Проблемот со загадувањето е толку сериозен, што веќе нема ден, а да не слушнеме нешто за тоа. Сепак, со секоја нова вест, сè повеќе и повеќе луѓе се обидуваат да направат нешто во врска со проблемот.

nurkach-ubeduva-oktopod-da-go-zameni-zasolnishteto-od-plastichna-chasha-so-shkolka-01.jpg

Според некои податоци, моментално, само во океаните пловат над 260.000 тони пластика. А, овој отпад не само што ја загадува водата, туку е штетен и за целиот морски свет.

Но, оваа приказна е позитивна и може да служи како пример за тоа како можеме да се грижиме за морскиот свет.

Неодамна се појави видео, на кое еден нуркач „убедува“ октопод да ја замени пластичната чаша што ја користи за заштита, со школка.

nurkach-ubeduva-oktopod-da-go-zameni-zasolnishteto-od-plastichna-chasha-so-shkolka-02.jpg

Нуркачот во видеото е Пол Сигурдсон од Исланд, кој редовно ги снима животните што ги среќава на неговите подводни авантури.

„Ова ни беше трето нуркање тој ден и веќе сите бевме уморни. Мојот партнер за нуркање ми прати сигнал со раката, кажувајќи ми дека нашол октопод и ме замоли да му помогнам“, изјави Пол.

nurkach-ubeduva-oktopod-da-go-zameni-zasolnishteto-od-plastichna-chasha-so-shkolka-03.jpg

Пол вели дека ова не е првпат да види октопод кој си направил засолниште од отпад. Октоподите се интелигентни животни и знаат како да ги користат ресурсите од нивната околина.

Но, октоподот на видеото е премногу мал и не знае дека пластичната чаша не му нуди никаква заштита. Поради тоа, Пол и неговиот партнер го поминале целото нуркање обидувајќи се да му помогнат.

На видеото се гледа како Пол му подава школка на малиот октопод, кој по некое време ја прифаќа и го менува своето засолниште.

nurkach-ubeduva-oktopod-da-go-zameni-zasolnishteto-od-plastichna-chasha-so-shkolka-04.jpg

Целото видео погледнете го во продолжение:

Извор

Би можело да ве интересира:

9 намирници кои се безбедни за вашето куче (и треба да ги вклучите во исхраната) Лубеница за освежување во лето и путер од кикиритки како награда - неколку намир...
„Морско чудовиште“ е хит на социјалните мрежи – За какво животно се работи и дали е опасно? (видео) „Што е ова?“ – прашуваат голем број од корисниците на социјалните мрежи откако е...
Што открива омилената положба на спиење за карактерот на вашето куче? Ако кучето спие на грб, со кренати задни нозе, тоа значи дека е среќно, самоувер...
Најсмртоносните животни и инсекти за луѓето (дел има и во Македонија) Што мислите, кој убива повеќе луѓе годишно – отровните змии или комарците? Шт...
Се верува дека е предвесник на земјотреси – Нуркачи снимија ретка „риба весло“ во близина на Тајван ... Ако оваа риба биде забележана во плитките води, тогаш ќе има земјотреси, според ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg