Предмети во домот со кои вашата мачка „не се согласува најдобро“

Венецијанер ролетни

Овие ролетни се можеби практични, но вашата мачка лесно може да се заглави во нив. Доколку не можете да ги менувате, не ѝ дозволувајте на мачката да им се приближува.

predmeti-vo-domot-na-koi-treba-da-vnimavate-dokolku-chuvate-machka-06.jpg

Освежувач за тоалетна школка

Колку и да не сакате, кога-тогаш, вашата мачка ќе се напие вода од тоалетната школка. Поради ова, важно е да ги тргнете освежувачите од школката.

predmeti-vo-domot-na-koi-treba-da-vnimavate-dokolku-chuvate-machka-07.jpg

Алое вера

Ова растение е одлично за вас, но може да предизвика проблеми кај вашата мачка. Доколку мачката изеде од растението, ќе се појават симптоми како дијареја и повраќање.

predmeti-vo-domot-na-koi-treba-da-vnimavate-dokolku-chuvate-machka-08.jpg

Цвеќиња и растенија

Лилјаните се едни од најотровните растенија за мачки. Доколку сепак чувате лилјани, обрнете внимание на симптоми на труење. Доколку мачката повраќа, нема апетит и е летаргична, веднаш однесете ја на ветеринар.

Ова растение може да ги уништи бубрезите на мачката, и тоа само 36 до 72 часа после консумирање.

predmeti-vo-domot-na-koi-treba-da-vnimavate-dokolku-chuvate-machka-09.jpg

Тесто

Најверојатно немате често тесто за леб во домот, но кога правите, најдобро е да го држите понастрана од мачката.

Дури и малку тесто за леб, ќе го зголеми својот волумен откако ќе се консумира и може дури и да ја убие вашата мачка.

predmeti-vo-domot-na-koi-treba-da-vnimavate-dokolku-chuvate-machka-10.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

14 фото-докази дека две мачки се подобри од една Ако чувате мачка, знаете колку тоа може да е и стресно и забавно. Но, како изгле...
16 фотки кои ќе ви покажат дека во домот живее мачка (доказ се бељите што ги прави) „Денес ја нахранив мачката половина час подоцна - таа решила да го покаже бесот ...
18 слатки и смешни фотки поради кои ќе посакате да чувате куче „Секогаш кога ќе ја стави главата во кантата за ѓубре, капакот му се заглавува о...
7 знаци дека вашата мачка е среќна (и вистински ве сака) Спие на грб, нежно ве грицка, ви носи подароци – како да познаете дали вашата ма...
Работи кои мора да ги имате предвид пред да вдомите куче (за да не го напуштите по неколку месеци) Неочекувана дијагноза со скап третман, гласно лаење, влакна низ домот – сето ова...
Ѓоко од Охрид чува камелеон: „Не сака да се гали, јаде лебарки, вода пие од капките лисја во терариу... „Ранго го имам неколку месеци. Луѓето кои доаѓаат во моето тату студио секогаш с...

Најчитани неделава