Предмети во домот со кои вашата мачка „не се согласува најдобро“


Предмети во домот со кои вашата мачка „не се согласува најдобро“

Мачките се одлични миленици бидејќи не бараат многу нега и грижа. Воглавно, овие животни самите се грижат за себе и не создаваат многу обврски.

predmeti-vo-domot-na-koi-treba-da-vnimavate-dokolku-chuvate-machka-01.jpg

Сепак, мачките се љубопитни суштества, па сигурно ќе го истражат секој агол од вашиот дом. Поради тоа, добро е да знаете кои предмети во домот претставуваат опасност за вашето милениче.

Ова се предметите на кои треба да внимавате доколку чувате мачка:

Волница

Мачките сакаат да си играат со речиси сè, па сигурно мислите дека клопчето волница е добра играчка за нив. Но, ова не е вистина.

Доколку случајно голтнат од волницата, мачките можат да си ги оштетат цревата. Покрај тоа, секогаш постои можност да се задават.

predmeti-vo-domot-na-koi-treba-da-vnimavate-dokolku-chuvate-machka-02.jpg

Кабли

Доколку имате кабли на подот, вашата мачка сигурни ќе си игра и со нив. Во овој случај, постои опасност да скине некој кабел и да ја фати струја.

predmeti-vo-domot-na-koi-treba-da-vnimavate-dokolku-chuvate-machka-03.jpg

Ламби од хималајска сол

Овие ламби се прославија многу, наводно бидејќи од нив има здравствени придобивки. Но, и овој предмет од домот може да биде опасен за вашата мачка.

Мачките се чувствителни на сол, па овие ламби можат да им предизвикаат дијареја, летаргија, па дури и смрт.

predmeti-vo-domot-na-koi-treba-da-vnimavate-dokolku-chuvate-machka-04.jpg

Коски

Можеби мислите дека е добро да им давате коски на мачките, но поради нивната големина, мачката лесно може да се задави од нив.

Секогаш тргајте ги коските од масата, заедно со другата храна што вашата мачка не смее да ја допира.

predmeti-vo-domot-na-koi-treba-da-vnimavate-dokolku-chuvate-machka-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Мачка, која била исчезната 10 години, повторно е дома Алекс очајно ја барала својата мачка и лепела постери во 2009 година , но од неа...
11 начини на кои вашата мачка потајно ви кажува дека ве сака Иако не можат да зборуваат и понекогаш изгледаат како да не искажуваат емоции, м...
На кои важни животни лекции може да ве научи вашата мачка? Иако за мачките се зборува дека не сакаат никој друг освен себе, тоа не е вистин...