Храна што никако не смеете да ѝ ја давате на вашата мачка

Свежо и суво грозје

Ова здраво овошје може да предизвика сериозен проблем кај вашата мачка. Свежото и сувото грозје можат да предизвикаат проблеми со бубрезите, кои подоцна можат да се развијат во сериозна болест.

Причината за оваа реакција кај мачките, засега е непозната.

hrana-shto-nikako-ne-smeete-da-i-ja-davate-na-vashata-machka-07.jpg

Тесто со квасец

Проблемот со тестото со квасец е што кога ќе се консумира сирово, може да се прошири и да ги блокира цревата.

Покрај тоа, откако ќе ферментира, квасецот содржи шеќери кои имаат алкохол, кој пак е штетен за мачките.

hrana-shto-nikako-ne-smeete-da-i-ja-davate-na-vashata-machka-08.jpg

Јаткасти плодови

Јаткастите плодови имаат многу масти, па можат да ја здебелат вашата мачка.

Додека мастите од јаткастите плодови се добри за нас, мачките не можат да ги дигестираат. Поради ова можат да се појават проблеми со стомакот и повраќање.

hrana-shto-nikako-ne-smeete-da-i-ja-davate-na-vashata-machka-09.jpg

Печурки

Иако можеби малку печурки нема да направат проблем, некои видови содржат токсини кои се штетни за мачките. Па, за да избегнете компликации, не им давајте печурки на мачките.

hrana-shto-nikako-ne-smeete-da-i-ja-davate-na-vashata-machka-10.jpg

Домати

Незрелите домати и нивните листови содржат супстанца наречена томатин, која е многу отровна за мачките.

Консумирањето на оваа супстанца може да предизвика повраќање, проширување на зениците, намален апетит и многу други симптоми.

hrana-shto-nikako-ne-smeete-da-i-ja-davate-na-vashata-machka-11.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

16 фотки кои ќе ви покажат дека во домот живее мачка (доказ се бељите што ги прави) „Денес ја нахранив мачката половина час подоцна - таа решила да го покаже бесот ...
14 фото-докази дека две мачки се подобри од една Ако чувате мачка, знаете колку тоа може да е и стресно и забавно. Но, како изгле...
7 знаци дека вашата мачка е среќна (и вистински ве сака) Спие на грб, нежно ве грицка, ви носи подароци – како да познаете дали вашата ма...
Позитива на денот: Пред и потоа фотки од улични кучиња кои си нашле свој дом Кученце кое едвај преживеало удар од автомобил, куче кое било фрлено на улица – ...
7 забавни факти за октоподите – имаат сина крв и три срца Од неверојатна интелигенција (можат да отвораат дури и тегли) до способност за к...
Колку се опасни гасениците боров четник (и што да правите ако ги имате во дворот)? Гасениците познати како боров четник се најголемите штетници за боровите, но се ...

Најчитани неделава