Храна што никако не смеете да ѝ ја давате на вашата мачка

Можеби не сте знаеле, но мачките немаат сетило за благо. Но, некои видови храна не само што немаат вкус за мачките, туку можат да бидат навистина опасни.

hrana-shto-nikako-ne-smeete-da-i-ja-davate-na-vashata-machka-01.jpg

Сигурно вашата мачка речиси секогаш ве моли да ѝ дадете и од вашата храна, а кога ќе ѝ ја исполните желбата, мислите дека ѝ правите добро.

Но овие видови храна се штетни, па дури и отровни за вашата мачка, па немојте да ѝ ги давате, без разлика колку ве моли.

Млеко и млечни производи

Повеќето возрасни мачки се нетолерантни на лактоза. Иако постои мит дека секоја мачка сака млеко, никогаш немојте да ја храните со млечни производи.

Нетолеранцијата на лактоза ќе предизвика повраќање и дијареја. Ако вашата мачка е жедна, дајте и само вода.

hrana-shto-nikako-ne-smeete-da-i-ja-davate-na-vashata-machka-02.jpg

Чоколадо и слатки

Кофеинот и теоброминот се состојки во чоколадото што можат да бидат штетни за мачките. Штом мачката ќе изеде чоколадо, овие состојки стануваат токсични и можат да предизвикаат проблеми со црниот дроб.

Исто така, немојте да ѝ давате на мачката никакви слатки. Слатките имаат шеќер што е штетен за овие животни.

hrana-shto-nikako-ne-smeete-da-i-ja-davate-na-vashata-machka-03.jpg

Сирово месо и риба

Сировото месо и сировата риба можат да содржат бактерии и паразити кои се отпорни на антибиотици. Овие бактерии можат да предизвикаат сериозни болести.

Покрај тоа, вишокот масти од месото може да предизвика воспаление на панкреасот на мачките.

hrana-shto-nikako-ne-smeete-da-i-ja-davate-na-vashata-machka-04.jpg

Сирови јајца

Никогаш не треба да им давате на мачките сирови јајца. Како и месото, и сировите јајца содржат бактерии што можат да предизвикаат проблеми со дигестивниот систем.

Покрај тоа, сировите јајца имаат вид протеин кој мачките не можат да го апсорбираат и кој може да предизвика дефицит на витамини.

Доколку сакате да ја храните мачката со јајца, секогаш давајте ѝ ги варени или пржени.

hrana-shto-nikako-ne-smeete-da-i-ja-davate-na-vashata-machka-05.jpg

Кромид и лук

Дури и најмалата количина од оваа храна може да биде опасна за мачките.

Јадењето кромид и лук може да предизвика анемија кај овие животни, која се карактеризира со тешкотии при дишењето, болка во стомакот и промена на бојата на урината.

hrana-shto-nikako-ne-smeete-da-i-ja-davate-na-vashata-machka-06.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

16 фотки кои ќе ви покажат дека во домот живее мачка (доказ се бељите што ги прави) „Денес ја нахранив мачката половина час подоцна - таа решила да го покаже бесот ...
14 фото-докази дека две мачки се подобри од една Ако чувате мачка, знаете колку тоа може да е и стресно и забавно. Но, како изгле...
7 знаци дека вашата мачка е среќна (и вистински ве сака) Спие на грб, нежно ве грицка, ви носи подароци – како да познаете дали вашата ма...
Позитива на денот: Пред и потоа фотки од улични кучиња кои си нашле свој дом Кученце кое едвај преживеало удар од автомобил, куче кое било фрлено на улица – ...
7 забавни факти за октоподите – имаат сина крв и три срца Од неверојатна интелигенција (можат да отвораат дури и тегли) до способност за к...
Колку се опасни гасениците боров четник (и што да правите ако ги имате во дворот)? Гасениците познати како боров четник се најголемите штетници за боровите, но се ...

Најчитани неделава