Само ова ќе кажам: „Кучето е најдобриот пријател на човекот“

Нив не им е важно дали имате 7 или 77 години, ако се однесувате добро кон нив, тие ќе ви бидат цел живот благодарни. Не, не зборувам само за домашните скапи раси на кучиња, зборувам за сите кучиња ширум светот.

samo-ova-kje-kazham-kucheto-e-najdobriot-prijatel-na-chovekot-01.jpg

Кучињата никогаш не ги ценат луѓето заради нивната облека или социјалниот статус. Нив не им е важно како сте облечени и колку скап часовник носите на раката. Тие се едни од ретките кои ќе ве ценат затоа што сте го споделиле со нив вашиот живот.

Кучињата се од оние кои секогаш ќе ве паметат по доброто што сте им го направиле, без разлика дали тоа било еднаш или десетпати. Секогаш ќе паметат кога сте го споделиле со нив вашиот ѓеврек и сте им го разубавиле денот.

Тие се најдобриот пријател и вечниот придружник на човекот.

Нив не им е важно дали имате 7 или 77 години, ако се однесувате добро кон нив, тие ќе ви бидат цел живот благодарни. Не, не зборувам само за домашните скапи раси на кучиња, зборувам за сите кучиња ширум светот.

Оние гладните, оние кои лежат на дождот, оние на кои никогаш не им било пружено љубов, зборувам за сите.

Кучињата го живеат и ценат секој момент од нивниот живот кога се во придружба на нивниот сопственик. Можете да бидете несредени и да изгледате полошо од кога било, но тие секогаш ќе ве сакаат и ќе ви се радуваат без разлика на тоа како изгледате, затоа што тие ве сакаат поради личноста која сте внатре во вашата душа.

Тие се едни од ретките животни кои го паметат секое добро кое ќе им го направите. Пробајте и нахранете некои бездомно куче и гледајте како тоа на свој начин ќе ви искаже благодарност.

Знаат да сакаат безусловно и никогаш да не бараат ништо повеќе од љубов и неколку прегратки. Мили се и дружељубиви.

Никогаш нема да се чувствувате осамено во нивна придружба. Знаат да ви го разубават и најлошиот ден.

Си доаѓате од работа, сте имале кавга со вашиот шеф, ја отворате вратата и ги гледате милите очиња како со нетрпение ве чекаат за да си дојдете и да ви се пуштат во прегратка.

Сте оделе по улица, врнежлив ден е, во рацете го носите пазарлукот, поминува автомобил и ве прска од глава до петици. Повторно кучето ќе биде тоа што ќе ве чека дома насмеано и пресреќно што конечно може да помине време со вас.

Студент сте, сте поминале лошо на испит, си доаѓате дома, а единствената работа што ќе може да ве расположи е вашето кученце кое цел ден ве чекало за да ви седне во скут.

Тие некогаш нема да ви бидат лути за нешто. Вашето внимание е тоа што го ценат највеќе, а на никој не му се радуваат повеќе од на нивниот сопственик.

Кучињата имаат срце и знаат да сакаат повеќе и од луѓето, знаат да останат цел живот благодарни на тој што им дал појадок, ги погалил, им се насмевнал, ги вдомил, ги гушнал...

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Т.  Ѓ. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Чував кучиња и мачки - Какво е моето искуство и што можете да очекувате од нив како миленици? Кучето е секогаш умно. Сѐ ве разбира и сѐ ве слуша. Толку е паметно што да можеш...
Одговори на најчестите прашања за мачките: Зошто предат, зошто носат животинки, дали ве сакаат? Мачките се идеални миленици за луѓето што немаат премногу време: независни се, н...
9 намирници кои се безбедни за вашето куче (и треба да ги вклучите во исхраната) Лубеница за освежување во лето и путер од кикиритки како награда - неколку намир...
10 грешки што треба да ги избегнувате ако (првпат) чувате мачка Никако немојте да ѝ ги сечeте ноктите и немојте да ѝ давате млеко – Кои се најче...
Дресер на кучиња открива кои раси никогаш не би ги вдомил – Непријатно мирисаат и не се пријателски ... „Мрсната кожа ги прави да мирисаат лошо, без разлика колку често се капат. Од ми...
Колкав е просечниот животен век на популарните раси на кучиња (и како да им го продолжите животот)? Повеќето раси на кучиња живеат по најмалку 10 години. Но, покрај нивниот просече...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg