Без пчели ќе нема храна - Што ќе се случи ако исчезнат сите инсекти на планетата?

Бројот на пчелите, но и на сите инсекти драстично се намалува. Ако „истребувањето“ продолжи со ова темпо, во следните неколку децении ќе изгубиме 40% од сите инсекти на планетата.

bez-pcheli-kje-nema-hrana-shto-kje-se-sluchi-ako-ischeznat-site-insekti-na-planetata-01.jpg

Можеби мислите дека светот без комарци и муви би бил подобар, но исчезнувањето на инсектите ќе предизвика вистински хаос.

Инсектите се важен дел од нашиот екосистем, а во продолжение погледнете што ќе се случи ако еден ден исчезнат сите:

Без пчели ќе нема цвеќиња и храна

Неретко пчелите се нарекуваат најважните живи суштества на планетата, и тоа со причина.

Освен тоа што од нив добиваме мед, пчелите се главни „оплодувачи“ во животинскиот свет. Без поленот што го разнесуваат, производството на овошје и зеленчук ќе се намали за 30%. Истовремено, ќе исчезнат 90% од растенијата со цветови.

И покрај нивната важност, бројот на пчелите е намален за 30% само во последнава деценија. Најголемата закана за овој вид се климатските промени и хемиските пестициди.

bez-pcheli-kje-nema-hrana-shto-kje-se-sluchi-ako-ischeznat-site-insekti-na-planetata-02.jpg

И лебарките имаат важна улога

Без сомнение лебарките се помеѓу најомразените суштества на планетата. Покрај нивниот изглед, тие разнесуваат бактерии, предизвикуваат алергии и оставаат фекалии зад нив.

Но, науката вели дека само 20 видови од постоечките 3.500 им предизвикуваат проблеми на луѓето.

Кога се далеку од градовите, лебарките се храна за мали цицачи, птици и влекачи. Покрај тоа, тие консумираат материи што се распаѓаат, па нивните фекалии се полни со азот – клучен елемент за растенијата.

Па, без овие инсекти ќе настане нерамнотежа и во животинскиот, и во растителниот свет.

bez-pcheli-kje-nema-hrana-shto-kje-se-sluchi-ako-ischeznat-site-insekti-na-planetata-03.jpg

Мравките разнесуваат семиња

Кога ќе се земе предвид дека постојат помеѓу 1.000 и 10.000 милијарди мравки, мала е веројатноста дека ќе исчезнат. Но, без овие инсекти ќе настанат сериозни проблеми во целиот екосистем.

Постојат над 14.000 видови мравки и некои од нив ги разнесуваат семињата што паѓаат на земјата. Некои учествуваат во опрашувањето на цветовите, а некои служат храна за животните.

Покрај тоа, и мравките се хранат со материја што се распаѓа, па помагаат во чистењето на органскиот отпад.

bez-pcheli-kje-nema-hrana-shto-kje-se-sluchi-ako-ischeznat-site-insekti-na-planetata-04.jpg

Без муви ќе нема чоколадо

Мувите се инсекти со лоша репутација, но покрај сите лоши нешта, тие имаат и неколку добри карактеристики.

Ако исчезнат мувите, консумирањето и елиминирањето на мртвите животни ќе им остане само на бактериите и габите. Ова значи дека целиот процес на распаѓање ќе трае многу подолго.

Мувите помагаат и во опрашувањето, а еден вид е „задолжен“ за тропските растенија, како какаото. А сите знаеме дека без какао ќе немаме ни чоколадо.

bez-pcheli-kje-nema-hrana-shto-kje-se-sluchi-ako-ischeznat-site-insekti-na-planetata-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

14 фото-докази дека две мачки се подобри од една Ако чувате мачка, знаете колку тоа може да е и стресно и забавно. Но, како изгле...
Позитива на денот: Пред и потоа фотки од улични кучиња кои си нашле свој дом Кученце кое едвај преживеало удар од автомобил, куче кое било фрлено на улица – ...
16 фотки кои ќе ви покажат дека во домот живее мачка (доказ се бељите што ги прави) „Денес ја нахранив мачката половина час подоцна - таа решила да го покаже бесот ...
Кучиња кои обожаваат снег и мачки кои го мразат - Како нивното однесување го покажува тоа? Едните среќно скокаат по снегот, другите бегаат од него како да е најстрашната р...
Митови за животните кои сигурно сте ги слушнале, а не се воопшто точни Кучињата гледаат црно-бело, ноевите си ја закопуваат главата во земја кога се во...
Ѓоко од Охрид чува камелеон: „Не сака да се гали, јаде лебарки, вода пие од капките лисја во терариу... „Ранго го имам неколку месеци. Луѓето кои доаѓаат во моето тату студио секогаш с...

Најчитани неделава