Без пчели ќе нема храна - Што ќе се случи ако исчезнат сите инсекти на планетата?

Бумбарите се природни рециклирачи

Постојат над 375.000 видови бумбари, па ова е „најразновидниот“ инсект во сетот.

Голем дел од нив се штетници и ги напаѓаат растенијата, но некои имаат и позитивно влијание. На пример, бубамарата е вид бумбар и се храни со инсекти што ги напаѓаат растенијата.

Копрофагот, пак, го рециклира изметот од другите животни и го закопува, со тоа хранејќи ја почвата. Без ова закопување, акумулацијата и мирисот од изметот би биле неподносливи за екосистемот.

bez-pcheli-kje-nema-hrana-shto-kje-se-sluchi-ako-ischeznat-site-insekti-na-planetata-06.jpg

Штурците го покажуваат здравјето на почвата

Според еден извештај, 25,7% од сите видови штурци во Европа можат да исчезнат. Најголем виновник за ова е употребата на пестициди.

Исчезнувањето на штурците ќе биде проблем бидејќи овие инсекти се храна за птиците, влекачите, па дури и луѓето. Всушност, штурците се богати со протеини, а имаат малку масти.

Истовремено, овие инсекти се знак дека почвата на којашто се наоѓаат е здрава.

bez-pcheli-kje-nema-hrana-shto-kje-se-sluchi-ako-ischeznat-site-insekti-na-planetata-07.jpg

Пајаците ги штитат растенијата

Пајаците не им припаѓаат на инсектите, но и тие се важни за нашиот екосистем.

Повеќето видови пајаци кои живеат со луѓето не се опасни или агресивни. Воглавно, тие се предатори на речиси сите инсекти, па и други пајаци. Доколку пајаците исчезнат, мувите и комарците ќе станат сериозен проблем.

bez-pcheli-kje-nema-hrana-shto-kje-se-sluchi-ako-ischeznat-site-insekti-na-planetata-08.jpg

Комарците се исклучок

Комарците се најопасниот инсект за луѓето и секоја година се одговорни за смртта на над милион луѓе. Најголем проблем е што тие разнесуваат инфективни болести, како маларија и вирусот Зика.

За научниците не е познато што всушност би се случило ако исчезнат сите комарци. Ова веројатно би било проблем за инсектите и животите што ги јадат, но тие ќе можат да најдат и друг извор на храна.

bez-pcheli-kje-nema-hrana-shto-kje-se-sluchi-ako-ischeznat-site-insekti-na-planetata-09.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

14 фото-докази дека две мачки се подобри од една Ако чувате мачка, знаете колку тоа може да е и стресно и забавно. Но, како изгле...
Позитива на денот: Пред и потоа фотки од улични кучиња кои си нашле свој дом Кученце кое едвај преживеало удар од автомобил, куче кое било фрлено на улица – ...
16 фотки кои ќе ви покажат дека во домот живее мачка (доказ се бељите што ги прави) „Денес ја нахранив мачката половина час подоцна - таа решила да го покаже бесот ...
Кучиња кои обожаваат снег и мачки кои го мразат - Како нивното однесување го покажува тоа? Едните среќно скокаат по снегот, другите бегаат од него како да е најстрашната р...
Митови за животните кои сигурно сте ги слушнале, а не се воопшто точни Кучињата гледаат црно-бело, ноевите си ја закопуваат главата во земја кога се во...
Ѓоко од Охрид чува камелеон: „Не сака да се гали, јаде лебарки, вода пие од капките лисја во терариу... „Ранго го имам неколку месеци. Луѓето кои доаѓаат во моето тату студио секогаш с...

Најчитани неделава