10 најубави раси на едни од најграциозните животни – коњите

Коњите се едни од најблагородните суштества на оваа планета.

10-najubavi-rasi-na-edni-od-najgracioznite-zhivotni-konjite 01 630x340.jpg

Луѓето се импресионирани од нивната неприкосновена убавина, достоинствено држење, сила и гордиот став со кој тие се одликуваат.

Уште од дамнешни времиња, коњите се сметаат за едни од најдобрите пријатели на луѓето. Поради ова дружење тие заземаат значително место во историјата, бидејќи му служеле на човекот во војните, подвижноста, продуктивноста и земјоделството.

Тие одиграа навистина голема улога во придонесот за унапредување на цивилизацијата. И покрај нивната големина и грациозност, коњите навистина умеат да ја покажат својата питома страна.

Но дали некогаш сте се запрашале колку раси на коњи постојат во светот?

По долгогодишни истражувања, откриено е дека во просек постојат околу 350 национално признаени раси на коњи и 100 раси на пони. Неверојатно нели?

Во продолжение ви ги издвојуваме десетте раси на коњи прогласени за најубавите во светот:

1. Морган        

Коњот Морган е една од првите развиени раси одгледувани во САД. Морганите имаат навистина значајно место во американската историја.

Тие биле одлично дресирани, служеле за рекреативно јавање, па дури и како коњаница од двете страни на Американската граѓанска војна.

Оваа раса е позната и ценета поради нејзината разноврсност.

10-najubavi-rasi-na-edni-od-najgracioznite-zhivotni-konjite 02 630x354.jpg

2. Хафлингер

Расата Хафлингер е позната и како Авелингезија. Оваа раса се развила кон крајот на 19 век во Австрија и Северна Италија.

Хафлингерите обично се среќаваат во костен боја. Тие имаат карактеристично движење што е опишано како енергично и „меко“ и се мускулести, но елегантни коњи.

Иако оваа специфична раса е развиена кон крајот на 19 век, нејзиното потекло може да се проследи уште во средниот век.

Хафлингерите биле развиени за планински терен и се познати по нивната цврстина.

10-najubavi-rasi-na-edni-od-najgracioznite-zhivotni-konjite 03 630x420.jpg

3. Марвари

Марвари се ретка раса од регионот Марвар во Индија. Тие можат лесно да се идентификуваат по нивните уши кои имаат моќ да се вртат наназад.

Марварите се тврда раса што потекнува од мешање на арапски коњи со индиски коњчиња.

Раторите (или традиционалните владетели на регионот Марвар), биле први што одгледувале ваков вид коњи во 12 век.

Овие коњи биле користени со векови како коњаница во регионот Марвар и биле наградувани за нивната лојалност и храброст на бојното поле.

10-najubavi-rasi-na-edni-od-najgracioznite-zhivotni-konjite 04 630x514.jpg

4. Aпалоса

Оваа американска раса е широко прочуена по својата карактеристична точкеста шара. Луѓето од Нез Перс се одговорни за развој на првата раса на Апалоса.

Населениците првично оваа раса ја нарекувале „Палауски коњ“ најверојатно заради реката Палаус.

Расата речиси исчезнала по војната во Нез Перс во 1877 година, но благодарение на некои посветени одгледувачи на расата, таа не само што се заштитила, туку и се зголемила за дури да стане една од најпопуларните раси во САД.

Апалоса беше прогласен за официјален државен коњ на Ајдахо во 1975 година.

10-najubavi-rasi-na-edni-od-najgracioznite-zhivotni-konjite 05 630x457.jpg

5. Мустанг

Мустанзите честопати се нарекуваат „диви коњи“, но всушност тие биле припитомени.

Оригиналните Мустанзи биле колонијални шпански коњи кои со текот на времето се мешале со други коњи.

Мустанзите обично се опишуваат како „цврсти коњи“ и се познати по тоа што имаат добра издржливост.

10-najubavi-rasi-na-edni-od-najgracioznite-zhivotni-konjite 06 630x508.jpg

Продолжува на следната страна... 



Би можело да ве интересира:

Чував кучиња и мачки - Какво е моето искуство и што можете да очекувате од нив како миленици? Кучето е секогаш умно. Сѐ ве разбира и сѐ ве слуша. Толку е паметно што да можеш...
Дресер на кучиња открива кои раси никогаш не би ги вдомил – Непријатно мирисаат и не се пријателски ... „Мрсната кожа ги прави да мирисаат лошо, без разлика колку често се капат. Од ми...
Колкав е просечниот животен век на популарните раси на кучиња (и како да им го продолжите животот)? Повеќето раси на кучиња живеат по најмалку 10 години. Но, покрај нивниот просече...
Дритон од Скопје чува шкотска мачка: „Оби е многу кроток, но не сака луѓето да го задеваат“ „Оби е шкотска раса и има 6 години. Го донесов од Софија, Република Бугарија и о...
Низ илустрации: Докази дека мачките и кучињата се од различни планети Додека кучето ве гледа како бог, мачката е убедена дека вие сте ѝ слуга. Дали по...
9 намирници кои се безбедни за вашето куче (и треба да ги вклучите во исхраната) Лубеница за освежување во лето и путер од кикиритки како награда - неколку намир...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg