Запознајте ја Еклипс - Кучето кое само се вози со градски автобус (фото)


Запознајте ја Еклипс - Кучето кое само се вози со градски автобус (фото)

Ова преслатко куче им го подобрува расположението на сите што ќе го сретнат, а доволно е само да ја погледнете за да ви стане јасно зошто.

zapoznajte-ja-eklips-kucheto-koe-samo-se-vozi-so-gradski-avtobus-01.jpg

Ако се качите во градски автобус во Сиетл, можеби ќе имате среќа да налетате на Еклипс.

Еклпис е можеби најпопуларното куче во градот, а уште поинтересно е што се однесува како одговорен и независен возрасен човек.

zapoznajte-ja-eklips-kucheto-koe-samo-se-vozi-so-gradski-avtobus-02.jpg

Ова неверојатно куче секој ден само излегува од дома и се качува во автобус за да стигне до паркот за кучиња.

„Секој ден сама го напушта домот и фаќа автобус до паркот за кучиња, каде што минува неколку часа. Потоа повторно се качува во автобус и се враќа дома“, напишала една жена од Сиетл на Facebook.

zapoznajte-ja-eklips-kucheto-koe-samo-se-vozi-so-gradski-avtobus-03.jpg

Очигледно, на Еклипс не ѝ е потребна никаква помош од сопственикот кога сака да оди на прошетка.

Наводно, сè започнало кога Џеф Јанг, нејзиниот сопственик, малку се задржал кога пристигнал автобусот. На Еклипс не ѝ се чекало, па се качила сама. Бидејќи возачот ја препознал, ја однел до паркот, а подоцна ѝ се придружил и Џеф.

zapoznajte-ja-eklips-kucheto-koe-samo-se-vozi-so-gradski-avtobus-04.jpg

После неколку соло патувања до паркот, Џеф почнал да ја пушта сама. Еклипс секогаш се враќала дома после неколку часа.

Веќе сите возачи на автобуси ја научиле Еклипс и со задоволство ја носат до паркот.

zapoznajte-ja-eklips-kucheto-koe-samo-se-vozi-so-gradski-avtobus-05.jpg

Еклипс си има и своја автобуска карта, која ѝ е закачена на ремчето.

„Дури и полицијата го одобри патувањето на Еклипс, сè додека не им пречи на возачите“, споделуваат граѓаните.

zapoznajte-ja-eklips-kucheto-koe-samo-se-vozi-so-gradski-avtobus-06.jpg

Еклпис има и нејзина Фејсбук страна – Eclipse Seattle’s Bus Riding Dog, со над 44.000 следбеници.

Извор

Би можело да ве интересира:

Позитива на денот: Слепо куче има куче водич, кое му помага во животот (видео) Видео од слепо куче кое се симнува по скали со помош на своето куче водич станат...
Кучиња кои правилата на сопствениците ги почитуваат на свој начин Сите миленици до одредена мера се истренирани, но понекогаш се доволно паметни з...
Чување куче во стан: Што треба да знаете ако се одлучите на овој чекор? Кучињата се одлични миленици, но можат да бидат проблематични ако живеете во ста...

Најчитани неделава