Мачка, куче, коза – 10 животни кои станале градоначалници

Стабс

Изгледа и мачките можат да бидат градоначалници. Стабс бил пронајден во 1997-ма година од некој сопственик на продавница. Сопственикот го посвоил и му го дал името. Мачорот бил почесен градоначаник на Талкитна, Алјаска, сè до неговата смрт во 2017-та, а неговата „канцеларија“ била во продавницата на неговиот сопственик.

machka-kuche-koza-10-zhivotni-koi-stanale-gradonachalnici-07.jpg

Линколн

Не само мачките, туку и козите си ја добиваат титулата градоначалник. Линколн застанал на оваа функција во 2019-та, кога победил 15 други кандидати кои, исто така, биле животни. Линколн е градоначалник на Фер Хејвен во Вермонт.

machka-kuche-koza-10-zhivotni-koi-stanale-gradonachalnici-08.jpg

Бринет Палтро

Ова кученце победило на изворите во Ребит Хеш, Кентаки – истиот град каде што живеело и кученцето Луси Лоу што го спомнавме погоре. Тој бил избран во ноември 2016-та.

machka-kuche-koza-10-zhivotni-koi-stanale-gradonachalnici-09.jpg

Боско

Боско бил избран за градоначалник во 1981-ва, Сунол, Калифорнија – гратче со 913 жители. Боско победил двајца кандидати кои биле луѓе, а неговиот мандат траел до 1994-та, односно до неговата смрт. Во негова чест била направена и статуа.

machka-kuche-koza-10-zhivotni-koi-stanale-gradonachalnici-10.jpg

Пакс

Уште една коза со ваква функција. Пакс била избрана во 2019-та, во населбата Еџвотер во Чикаго, која има околу 57.000 жители. Интересно е што откако била избрана, сопственикот на козата помогнал во собирањето пари за реновирање на паркот за кучиња во населбата.

machka-kuche-koza-10-zhivotni-koi-stanale-gradonachalnici-11.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Работи кои мора да ги имате предвид пред да вдомите куче (за да не го напуштите по неколку месеци) Неочекувана дијагноза со скап третман, гласно лаење, влакна низ домот – сето ова...
Емилија Гогова од Скопје помага на улични животни: „Еве и ова маче ми го донесоа децата од маало - ш... „Се развикале тетка Ема, тетка Ема. Излегов, нешто држат во рацете го кренале, в...
18 слатки и смешни фотки поради кои ќе посакате да чувате куче „Секогаш кога ќе ја стави главата во кантата за ѓубре, капакот му се заглавува о...
Позитива на денот: Пред и потоа фотки од улични кучиња кои си нашле свој дом Кученце кое едвај преживеало удар од автомобил, куче кое било фрлено на улица – ...
Ветеринар од Битола, по немила случка со куче (2) од раса бишон, со апел: „Сувото грозје е токсично ... „При јадење и на мала количина на суво грозје кучето треба веднаш да се однесе н...
Емилија од Скопје: „Денес си го најдов кучето што ми го украдоа пред 2 години од двор, среде бел ден... „Џипси се роди дома кај мене, пред мои очи... За на 6 месеци некој да ја земе и ...

Најчитани неделава