Чување куче во стан: Што треба да знаете ако се одлучите на овој чекор?

Кучињата се одлични миленици, но можат да бидат проблематични ако живеете во стан.

chuvanje-kuche-vo-stan-shto-treba-da-znaete-ako-se-odluchite-na-ovoj-chekor-01.jpg

За разлика од мачките, кучињата можат да бидат многу поголеми и бараат многу повеќе внимание и нега.

Ако сакате да чувате куче во вашиот стан, прво мора да размислите дали тоа е изводливо, но и добро да се подготвите.

Сепак, многу е поразлично кога кучето живее во двор и е независно, за разлика од оние кои живеат во станови, затворени во 4 ѕида. 

Погледнете што сè треба да знаете пред да земете куче во вашиот стан:

Ако живеете во изнајмен, консултирајте се со сопственикот

За жал, не сите сакаат миленици, па ако планирате да чувате куче и живеете под кирија, добро би било да се консултирате со сопственикот на станот. На некој начин, ќе треба да побарате дозвола од него за да чувате куче во станот.

chuvanje-kuche-vo-stan-shto-treba-da-znaete-ako-se-odluchite-na-ovoj-chekor-02.jpg

Добро размислете која раса е најпогодна за вас

Moра да имате предвид дека сите раси на кучиња се различни - некои бараат поголема нега од другите, некои се погласни, некои имаат повеќе енергија…

Едно од поважните нешта за кои треба да размислите е дали сакате куче на кое му треба повеќе внимание, или куче кое е понезависно. Ако често сте надвор од дома, добро би било да земете куче на кое не му е проблем да седи само некој дел од денот.

Истовремено, ако имате деца, важно е да одберете раса која е погодна за ова. Детската игра понекогаш е груба, па во овој случај сигурно ќе ви треба потрпеливо куче. Нормално, ќе морате и да им објасните на вашите деца како да се однесуваат со кучето и што смеат, а што не смеат да прават.

Кога станува збор за чување куче во стан, најдобро е да одберете раса со помал раст, но и раса која не прави многу врева. Сепак, околу вас има соседи и сигурно не сакате куче кое ќе лае на полноќ.

chuvanje-kuche-vo-stan-shto-treba-da-znaete-ako-se-odluchite-na-ovoj-chekor-03.jpg

Направете го домот безбеден за кучето

Осигурете се дека секоја просторија од домот ќе биде безбедна за кучето. Не заборавајте дека кучињата џвакаат сè што ќе најдат, па добро би било да ги скриете сите кабли низ домот. Истовремено, ако имате растенија, тргнете ги од дофатот на кучето и проверете кои од нив можат да бидат штетни за него.

chuvanje-kuche-vo-stan-shto-treba-da-znaete-ako-se-odluchite-na-ovoj-chekor-04.jpg

Поставете правила

Уште пред да го земете кучето размислете дали ќе му дозволувате да се качува на креветите. Ако не сакате да го прави тоа, немојте никако да го удирате кучето кога се качува на креветот. Наместо тоа, кога ќе се качи, ставете малку храна на подот. На овој начин кучето ќе сфати дека на подот го чека награда. Секако, за ова постојат различни начини за тренирање, зависно од расата, но важно е вие да ги поставите правилата на почеток.

Истовремено, важно е да му обезбедите место за спиење на подот. Ако станува збор за возрасно куче, мора да бидете потрпеливи додека тоа да ги промени неговите навики.

chuvanje-kuche-vo-stan-shto-treba-da-znaete-ako-se-odluchite-na-ovoj-chekor-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Чував кучиња и мачки - Какво е моето искуство и што можете да очекувате од нив како миленици? Кучето е секогаш умно. Сѐ ве разбира и сѐ ве слуша. Толку е паметно што да можеш...
Дали вашето куче спие добро + како да му го подобрите квалитетот на сонот? Осигурете се дека е доволно физички активно и не дозволувајте да спие во многу с...
Одговори на најчестите прашања за мачките: Зошто предат, зошто носат животинки, дали ве сакаат? Мачките се идеални миленици за луѓето што немаат премногу време: независни се, н...
9 намирници кои се безбедни за вашето куче (и треба да ги вклучите во исхраната) Лубеница за освежување во лето и путер од кикиритки како награда - неколку намир...
Совети за шетање куче (ќе им се најдат на новите сопственици, без искуство) Користете краток поводник и наградете го кучето кога се однесува добро - Неколку...
10 грешки што треба да ги избегнувате ако (првпат) чувате мачка Никако немојте да ѝ ги сечeте ноктите и немојте да ѝ давате млеко – Кои се најче...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg