Рисот Бистри фотографиран низ шумите во Национален парк Маврово

Деновиве во шумите на Националниот парк Маврово е забележан и фотографиран балканскиот рис Бистри.

risot-bistri-fotografiran-niz-shumite-vo-nacionalen-park-mavrovo01.jpg

На 10 балкански рисови од Националниот парк Маврово им беше ставен околувратник со GPS уред, со цел да се следи нивното движење. На Facebook профилот на Националниот парк, пак, споделија фотографија од еден од овие рисови – Бистри.

Бистри е шестиот балкански рис кој си доби околувратник, а неговото движење се следи од февруари минатата година. Деновиве, рисот е забележан низ шумите на националниот парк, а на нивниот Facebook профил споделија и фотографија:

„Тука е… Бистри владее низ шумите во Национален парк Маврово“, пишува во објавата.

risot-bistri-fotografiran-niz-shumite-vo-nacionalen-park-mavrovo-01.jpg

Покрај Риси, околувратници со GPS имаат и рисовите Марко, Ристе, Мартин, Деки, Маја, Филипче, Нарциса, Лиса и Атиџе.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Позитива на денот: Пред и потоа фотки од улични кучиња кои си нашле свој дом Кученце кое едвај преживеало удар од автомобил, куче кое било фрлено на улица – ...
Бебе елен се роди во Скопје ЗОО: „Оваа преубава дама ни донесе многу радост“ Ова е прва принова кај нас по подолго време, па од Скопје ЗОО на Фејсбук сподели...
Убави вести од НП Шар Планина: Забележани се два нови балкански риса – сега има вкупно пет „Имаме нова радосна вест! На нашите трап-камери на територијата на паркот неодам...
16 преслатки миленици кои како да се препородија откако беа вдомени (фото) „Школска другарка ми се јави да ми каже дека под хаубата има заглавено маче и не...

Најчитани неделава