Солзење и недостаток на влакна околу очите: 9 знаци дека треба да го однесете миленикот на ветеринар
За жал, кога нешто ги боли или чувствуваат дека не им е добро, милениците не можат гласно да ни го кажат тоа.

Но, има знаци и однесувања преку кои ви покажуваат. Само треба да знаете кога да интервенирате.
Напомена: Не секој од овие знаци е алармантен за секоја раса, но барем консултирајте се телефонски со ветеринарот ако забележите нешто од следните работи.
1. Секое солзење или повремено затворање на очите не е добар знак.

2. Претерано чистење на шепите или чешање со забите може да укажува на алергии, тумори или нетолеранција на одредена храна.

3. Претераното лигавење, посебно кај кучињата, може да биде предизвикано од труење, инфекции, стрес или заглавени предмети во грлото.

4. Тажната фацијална експресија треба да знаете да ја препознаете, но и да знаете дека може да биде знак за некаква траума, температура или настинка.

5. Неочекуваното губење на килограми треба сериозно да се надгледува и да се дијагностицира дали случајно миленикот има внатрешни паразити, рак или проблеми со срцето.

6. Чешањето е нормално, но честото и константно чешање може да укажува на алергии, дерматитис, иритации...

7. Губењето на крзното, односно влакненцата околу очите честопати укажува на проблеми со имунитетот.

8. Одбивањето за дружба или прошетка е уште еден знак со кој кучето или мачката ви покажува дека има болки во коските или шепите.

9. Константното тресење на главата и чешањето на ушите се знак за инфекција, алерија, повреди на главата или нешто заглавено во ушите.

М. Д. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Работи кои мора да ги имате предвид пред да вдомите куче (за да не го напуштите по неколку месеци)
Неочекувана дијагноза со скап третман, гласно лаење, влакна низ домот – сето ова...
7 знаци дека вашата мачка е среќна (и вистински ве сака)
Спие на грб, нежно ве грицка, ви носи подароци – како да познаете дали вашата ма...
16 фотки кои ќе ви покажат дека во домот живее мачка (доказ се бељите што ги прави)
„Денес ја нахранив мачката половина час подоцна - таа решила да го покаже бесот ...
Митови за животните кои сигурно сте ги слушнале, а не се воопшто точни
Кучињата гледаат црно-бело, ноевите си ја закопуваат главата во земја кога се во...