Раси на кучиња кои не лаат многу – совршени за оние кои не сакаат врева

Мопс и англиски булдог се раси на кучиња кои лаат многу ретко, па се совршени ако не сакате многу врева или живеете во стан и не сакате да ги вознемирувате соседите. 

rasi-na-kuchinja-koi-ne-laat-mnogu-sovrsheni-za-onie-koi-ne-sakaat-vreva-01.jpg

Ако имате доволно време да им се посветите, кучињата можат да бидат одлични миленици. Но, ако сакате куче, треба да се подготвите и за многу лаење, неретко среде ноќ.

Сепак, постојат неколку раси на кучиња кои се малку потивки од другите, па можеби ќе бидат подобар избор за вас ако ја сакате тишината.

Не треба да значи дека кучињата од овие раси никогаш нема да лаат бидејќи, сепак, секое куче си е различно. Но, помали се шансите да прават врева за разлика од некои други раси.

Кои раси на кучиња лаат помалку?

Басенџи

Овие кучиња не само што не лаат, туку и многу сакаат да си играат. Покрај тоа, одлични се со мали деца и покажуваат многу љубов.

rasi-na-kuchinja-koi-ne-laat-mnogu-sovrsheni-za-onie-koi-ne-sakaat-vreva-02.jpg

Австралиски пастир

Оваа раса е вид овчарско куче, што значи е добар чувар. Австралискиот пастир лае само кога сака да го предупреди сопственикот за некаква опасност.

Исто така, овие кучиња се многу интелигентни и лесно се дресираат.

rasi-na-kuchinja-koi-ne-laat-mnogu-sovrsheni-za-onie-koi-ne-sakaat-vreva-03.jpg

Акита

Овие кучиња се многу лојални и можат да бидат одлични чувари. Лесно се приврзуваат со сопствениците и лаат многу ретко – само кога сакаат да ви го привлечат вниманието.

Па, ова куче е одличен избор ако живеете во стан.

rasi-na-kuchinja-koi-ne-laat-mnogu-sovrsheni-za-onie-koi-ne-sakaat-vreva-04.jpg

Шиба ину

И кучињата од расата шиба ину се одличен избор за оние кои не сакаат врева.

Овие кучиња се дружељубиви, брзо се адаптираат и обично не им е проблем ако имате и друго милениче.

rasi-na-kuchinja-koi-ne-laat-mnogu-sovrsheni-za-onie-koi-ne-sakaat-vreva-05.jpg

Уште пет раси на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Забавни фото-докази дека никогаш нема да се чувствувате осамено ако имате мачка или куче Ако имате милениче како мачка или куче, тогаш сигурно не сте биле осамени ни на ...
Го прегрнувате и уште 8 грешки со кои можете да предизвикате агресија кај кучето, според ветеринари Немојте да го дресирате кучето со казнување – очигледно е зошто удирањето и пока...
6 животни што изгледаат многу страшно, но не се опасни за луѓето Колку и да ви е страв од пајаци, факт е дека тарантулата е безопасен инсект и не...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg