Емилија од Кочани: „Како животот ми се разубави откако си земав кученце од расата бишон фризе?“

Според мене не постои поубаво нешто од живот со милениче. Барем сама за себе знам дека не можам животот да го замислам без неа. Таа е веќе член, дел од фамилијата.

И покрај обврските, целата грижа околу неа не ми претставува никаков проблем. За возврат добивам неизмерна и искрена љубов. Го знаете оној поглед кој го добивате кога сте нервозни или тажни? Оној поглед полн со милост, надеж и љубов кој ви дава знак дека сè ќе биде во ред? Она чувство кога знаете дека некој нетрпеливо ве чека и ви се радува?

emilija-od-kochani-kako-zhivotot-mi-se-razubavi-otkako-si-zemav-kuchence-od-rasata-bishon-frize-12.jpeg

Лора е навикната на патувања и авантури, тоа го обожава од мала бидејќи постојано ја носам со мене. Имаме многу заеднички среќни и по некои тажни моменти.

emilija-od-kochani-kako-zhivotot-mi-se-razubavi-otkako-si-zemav-kuchence-od-rasata-bishon-frize-04.jpeg

Најсмешен момент беше првото летување на Лора, односно првото влегување во вода секако опремени со безбедносно елече за во вода. Најтажен момент ми е денот на стерилизација, бидејќи процесот на закрепнување беше долг и мачен како за неа така и за мене.

emilija-od-kochani-kako-zhivotot-mi-se-razubavi-otkako-si-zemav-kuchence-od-rasata-bishon-frize-09.jpeg

За начинот на исхрана немаме проблем таа е среќно и задоволно милениче, ја хранам со храна за стерилизирани кучиња, но секако обожава и грицки кои ѝ ги давам како награда. Таа има свој Инстаграм профил, славиме родендени, одбележуваме празници, заедно патуваме и уживаме.

emilija-od-kochani-kako-zhivotot-mi-se-razubavi-otkako-si-zemav-kuchence-od-rasata-bishon-frize-08.jpeg

Домашните миленичиња на многу луѓе им ја вратиле животната радост, чувството дека се потребни некому и некаде.

Сепак нив не им треба многу за среќа. Доволно е да ги сакате, да се грижите за нив и да ги храните. За возврат ќе ви дадат многу повеќе.

emilija-od-kochani-kako-zhivotot-mi-se-razubavi-otkako-si-zemav-kuchence-od-rasata-bishon-frize-10.jpeg

Повеќе фотографии од Лора:

© CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Симона Симионова | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Колкав е просечниот животен век на популарните раси на кучиња (и како да им го продолжите животот)? Повеќето раси на кучиња живеат по најмалку 10 години. Но, покрај нивниот просече...
Дритон од Скопје чува шкотска мачка: „Оби е многу кроток, но не сака луѓето да го задеваат“ „Оби е шкотска раса и има 6 години. Го донесов од Софија, Република Бугарија и о...
Марко и Мартина се брат и сестра мечки кои се преселија од Скопје во Швајцарија - сега уживаат на Ал... Мечињата се брат и сестра и со години живееја одделено во две различни живеалишт...
Бил роден за време на Втората светска војна – Како изгледа еден од најстарите папагали во светот? Папагалот Коко има 84 години и е слеп, но неговите сопственици велат дека воопшт...
Браво! Низ скопските маала ќе бидат поставени 10 куќички за бездомни кучиња „Куќичките се новогодишен подарок за кучињата од групата урбани уметнички/герила...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg