Си тераат по свое: Зошто не можеме да ги тренираме мачките така лесно како кучињата?

Никогаш не заборавај: Ти не си ѝ потребен за да преживее.

si-teraat-po-svoe-zosto-ne-mozeme-mackite-da-gi-trenirame-taka-lesno-kako-kucinjata-01.jpg

Веројатно сте забележале дека мачките, за разлика од кучињата, не можат така лесно да се дресираат. Тие како да си живеат во некој свој свет и секогаш си тераат по свое.

Zosto-ne-mozeme-mackite-da-gi-trenirame-kako-kucinjata-02.png

Постојат одредени методи кои го олеснуваат тренирањето на мачките, но генерално, самиот процес е многу потежок отколку кога станува збор за кучињата. Но, зошто е тоа така?

Мачките не признаваат хиерархија

Во светот на мачките, работите не се поставени на ист начин како во светот на кучињата.

Тие не ве гледаат како свој господар и затоа имаат навика да не реагираат на вашите упатства или наредби.

Мачките ги гледаат луѓето како големи, несмасни „мачки“ кои можат да се заљубат со текот на времето ако развијат длабока врска со нив.

Кучињата, од друга страна, имаат голема почит кон хиерархијата и ги препознаваат луѓето како свои господари, поради што се многу благодарни кога се тренираат.

si-teraat-po-svoe-zosto-ne-mozeme-mackite-da-gi-trenirame-taka-lesno-kako-kucinjata-02.jpg

Тие се повлечени животни

Мачките се генерално осамени животни.

Ја сакаат човечката наклонетост, но немаат потреба од нив кога се работи за преживување.

Тие го сакаат вашето друштво, но ако ги замолите да направат нешто што тие не сакаат да го направат, залудно ќе се надевате дека желбите ќе ви се остварат.

Ќе има денови кога вашата мачка ќе сака да ви седи во скутот и да се гали додека преде, но и денови кога нема да дојде со часови кај вас кога ќе ја повикате, бидејќи ќе и биде подобро во нејзиниот агол.

si-teraat-po-svoe-zosto-ne-mozeme-mackite-da-gi-trenirame-taka-lesno-kako-kucinjata-04.jpg

Имаат пократок опсег на внимание

Дури и доколку ја наградите вашата мачка со подароци за време на тренингот, таа ќе ве слуша пократко за разлика од куче.

За разлика од нив, мачките имаат многу пократок опсег на внимание и лесно се заситуваат од тренирање.

si-teraat-po-svoe-zosto-ne-mozeme-mackite-da-gi-trenirame-taka-lesno-kako-kucinjata-05.jpg

Не реагираат добро на казни и закани

Мачките се многу независни животни, што значи дека не го бараат вашето одобрение како кучиња.

Тие, исто така, не реагираат добро на казни.

Ова, секако, го отежнува тренингот, бидејќи на мачките им е многу тешко да го поврзат со казнувањето со непожелни постапки во главата.

si-teraat-po-svoe-zosto-ne-mozeme-mackite-da-gi-trenirame-taka-lesno-kako-kucinjata-03.jpg

Дали и вие имате инаетливо и непослушно маче кое си тера по свое? Споделете некоја интересна приказна или фотка.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Емилија Гогова од Скопје помага на улични животни: „Еве и ова маче ми го донесоа децата од маало - ш... „Се развикале тетка Ема, тетка Ема. Излегов, нешто држат во рацете го кренале, в...
Позитива на денот: Пред и потоа фотки од улични кучиња кои си нашле свој дом Кученце кое едвај преживеало удар од автомобил, куче кое било фрлено на улица – ...
7 знаци дека вашата мачка е среќна (и вистински ве сака) Спие на грб, нежно ве грицка, ви носи подароци – како да познаете дали вашата ма...
16 фотки кои ќе ви покажат дека во домот живее мачка (доказ се бељите што ги прави) „Денес ја нахранив мачката половина час подоцна - таа решила да го покаже бесот ...
Работи кои мора да ги имате предвид пред да вдомите куче (за да не го напуштите по неколку месеци) Неочекувана дијагноза со скап третман, гласно лаење, влакна низ домот – сето ова...
Ветеринар од Битола, по немила случка со куче (2) од раса бишон, со апел: „Сувото грозје е токсично ... „При јадење и на мала количина на суво грозје кучето треба веднаш да се однесе н...

Најчитани неделава