Малтезер – најомилената мала раса на кучиња во Македонија што подеднакво ја сакаат и децата и возрасните

Се чини дека каде и да се завртиме, најмногу ги гледаме малтезерите како домашни миленици во Македонија. Малтезерите се кученца кои освојуваат на прв поглед.

Maltezer-najomilenata-mala-rasa-na-kucinja-vo-Makedonija-01.jpg

Само неколку раси на кучиња успеале да стекнат толку популарност како овие бели крзнени пуфки.

Поради неодоливо симпатичниот изглед децата ги обожаваат, но тие се миленици на сите генерации, како на помладите така и на постарите.

View this post on Instagram

A post shared by Mitsuyuki Oosawa (@mitsuyuki_hana)

Малтезерите не уживаат толкава популарност без причина и неслучајно се едни од омилените четириножни придружници на луѓето.

Големината како главна препорака

Малтезерот достигнува висина од 10 до 25 cm. Женките се генерално пониски, додека мажјаците повисоки. Овие кученца се доволно мали за да бидат среќни и да им биде удобно во двособен стан.

Големината на малтезерите е идеална за модерен живот во мали простори и во големи градови. Не само што ќе му биде сосема добро во мал простор, туку има и помала потреба од прошетки за разлика од неговите „поголеми братучеди“.

Малтезерот како раса на куче „заштедува време“, што е голема предност во секојдневниот брз живот со напорно темпо. Тој има и низа други предности што ги одредува неговата мала физиономија.

Дури и најмладите членови на семејството можат безгрижно да го шетаат, бидејќи лесно се контролира на поводник.

Иако многу луѓе сакаат големи кучиња, кога одат на прошетка сфаќаат дека можеби нема да можат да го совладаат миленикот и да имаат целосно контрола над него.

Со малтезерите тој проблем не постои. Прошетката со него е вистинско уживање.

Кога станува збор за тежината, малтезерите се движат од 3 до 4 kg, што ги прави лесни за носење и транспорт.

Можете да ги земете во раце по потреба, патувањата со нив се исто така лесни, како и одењето на ветеринар. Може да се пренесуваат дури и во транспортер за мачки.

Ведрата, добра и неагресивна природа е адут на малтезерите

Дали сте слушнале дека малтезер некогаш нападнал, гризнал некого или бил агресивен?

Овие кучиња се исклучително добродушни. Агресивните примероци се јавуваат во ретки и исклучителни случаи, а со малку труд и внимание – тие се лесни за тренирање.

Со луѓето се сложуваат многу добро, исто како и со другите кучиња, па затоа малтезерот е добар избор доколку веќе имате едно куче.

Малтезерите лесно ќе научат да ве слушаат, да седнуваат, да бидат фини и љубезни кога ќе ви дојдат гости. 

Поради својата природа, тие се едни од расите на кучиња кои се секогаш на врвот на списокот на најдобри кучиња за големи семејства и семејства со мали деца. Тие ќе бидат совршено послушни членови на семејството.

Најголемиот „проблем“ (ако може така да се нарече) што можете да го очекувате од малтезерот е лаењето. Но, зарем не е убаво да се има зборлест придружник?

Малтезерите најверојатно ќе лаат на ѕвонењето на домофонот, евентуално и на други куќи во кои би сакале да си играат.

Освен комуникативноста во вид на лаеж, навистина ќе немате од што друго да се пожалите.

Малтезерите се нежни и сакаат да се галат

Ако ви е важно да имате нежно кученце кое ужива да се гали, тогаш малтезерот ќе ве воодушеви. Никогаш нема да посакате да кренете рака на него. 

Тие се склони кон гушкање, ставање на главата над вашите раце, допирање на шепата во знак на љубов и привлекување внимание… Сè што ќе помислите кога некој ќе спомене како „никој не сака безусловно како куче“.

Дали сте загрижени дали ќе го разгалите? Сосема веројатно е дека премногу ќе го разгалите, но и тој вас.

Нега на малтезери – како да ги одржувате?

Што се однесува до убавината, ова куче е толку природно убаво и симпатично, што единственото нешто што е навистина потребно за да остане такво е редовно да го капете. Освен тоа, ќе му треба и фризура.

Доколку сакате да има долга, свилена коса, потребно е да му посветите повеќе внимание и грижа, како почесто капење и секојдневно четкање. Сепак, многу луѓе се одлучуваат за поедноставна варијанта – кратка фризура. Ова е многу полесна варијанта за одржување.

Што се однесува до здравјето, потребно е да се изврши вакцинација и чипување, стандардно како кај другите кучиња, а здравата исхрана се подразбира. 

Оваа раса навистина не е комплицирана за одржување и бара само соодветна грижа, како и секој друг миленик во домот. Нивниот главен адут е што се антиалергени кучиња, па не мора да се грижите за влакна во домот.

Малезерите се слатки и шармантни

Шармот и убавината се исклучително важни предности кај малтезерите. Белата „коса“ прави совршен контраст со темните заоблени очи на кои е невозможно да им се одолее.

Интелигентниот изглед и многуте шармантни и слатки потези кои секојдневно ќе ги изведува ова кутре пред вас како некоја претстава, го прават целосно неодоливо.

Дали можеби и вие имате малтезер за миленик? Доколку е така, споделете ја неговата фотографија во коментар. Да си го разубавиме денот со едни од најубавите мали кученца.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Дали вашето куче спие добро + како да му го подобрите квалитетот на сонот? Осигурете се дека е доволно физички активно и не дозволувајте да спие во многу с...
Чував кучиња и мачки - Какво е моето искуство и што можете да очекувате од нив како миленици? Кучето е секогаш умно. Сѐ ве разбира и сѐ ве слуша. Толку е паметно што да можеш...
Чување риба во кугла: Кои видови да ги избегнувате и на што да обрнете внимание? Куглата е одлично решение ако сакате да чувате риба, но немате простор или средс...
Лесно се дресираат, лојални се: Кои се најинтелигентните раси на кучиња? Кучињата од расата бордер коли се сметаат за најинтелигентни во светот, а на лис...
Колкав е просечниот животен век на популарните раси на кучиња (и како да им го продолжите животот)? Повеќето раси на кучиња живеат по најмалку 10 години. Но, покрај нивниот просече...
Дресер на кучиња открива кои раси никогаш не би ги вдомил – Непријатно мирисаат и не се пријателски ... „Мрсната кожа ги прави да мирисаат лошо, без разлика колку често се капат. Од ми...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg