Дресер на кучиња открива кои раси никогаш не би ги вдомил – Непријатно мирисаат и не се пријателски настроени

„Мрсната кожа ги прави да мирисаат лошо, без разлика колку често се капат. Од мирисот тешко ќе се ослободите“, вели дресер на кучиња кој откри кои три раси никогаш не би ги вдомил и зошто.

dreser-na-kuchinja-otkri-koi-3-rasi-nikogash-ne-bi-gi-vdomil-neprijatelski-se-nastroeni-i-imaat-silen-miris-01.jpg

Вдомувањето куче е исклучително благороден потег, кој ќе го збогати вашиот живот исто како и животот на вашиот нов крзнен пријател. 

Секако, тоа претставува и голема обврска, а секоја раса има одредени предности и мани, било да се работи за специфичен карактер или здравствени проблеми.

Познато е дека француските булдози и мопсовите се соочуваат со бројни здравствени проблеми, така што сопствениците трошат многу пари на ветеринар.

Дресер на кучиња стана вирален на ТикТок бидејќи јавно кажа кои три раси на кучиња никогаш не би ги вдомил - а една од нив изненади многумина.

Гарет Кинг, познат по неговиот ТикТок профил, има милиони следбеници благодарение на неговите корисни совети за дресура на кучиња.

Со долгогодишно искуство, стекнал знаење за расите за кои вели дека не би ги вдомил.

Првата раса за која посочи дека никогаш не би ја вдомил е централноазискиот овчар.

„Мажјаците од оваа раса можат да достигнат тежина од над 77 килограми и се преголеми и за да се чуваат во стан. Сепак се одлични чувари на добиток“, вели Гарет.

dreser-na-kuchinja-otkri-koi-3-rasi-nikogash-ne-bi-gi-vdomil-neprijatelski-se-nastroeni-i-imaat-silen-miris-02.jpg

За американскиот трагач или познат и како „бладхаунд“, вели дека има непријатен мирис поради мрсната кожа.

„Мрсната кожа ги прави да мирисаат лошо, без разлика колку често се капат. Од мирисот тешко ќе се ослободите“, вели тој.

dreser-na-kuchinja-otkri-koi-3-rasi-nikogash-ne-bi-gi-vdomil-neprijatelski-se-nastroeni-i-imaat-silen-miris-03.jpg

Третиот избор ги изненади сите - чивава.

„Доколу ми е потребен мал демон од подземјето, кој ќе биде добар за да ми седи на колена и да грицка сѐ што ќе му дојде при рака, тогаш ќе земам чивава. Но, тоа не е она што го барам“, вели тој.

dreser-na-kuchinja-otkri-koi-3-rasi-nikogash-ne-bi-gi-vdomil-neprijatelski-se-nastroeni-i-imaat-silen-miris-04.jpg

Погледнете го видеото:

@americanstandardk9

Top 3 Breeds I WOULDN'T Own as a Dog Trainer #dog #centralasainshepeard #alabai #bloodhound #chihuahua #puppy #doglover #dogs #fyp

♬ original sound - AmericanStandardK9

С. Ш. | Црнобело / фото: pexels.com

Би можело да ве интересира:

Позитива на денот: Пред и потоа фотки од улични кучиња кои си нашле свој дом Кученце кое едвај преживеало удар од автомобил, куче кое било фрлено на улица – ...
16 фотки кои ќе ви покажат дека во домот живее мачка (доказ се бељите што ги прави) „Денес ја нахранив мачката половина час подоцна - таа решила да го покаже бесот ...
Ветеринар од Битола, по немила случка со куче (2) од раса бишон, со апел: „Сувото грозје е токсично ... „При јадење и на мала количина на суво грозје кучето треба веднаш да се однесе н...
Работи кои мора да ги имате предвид пред да вдомите куче (за да не го напуштите по неколку месеци) Неочекувана дијагноза со скап третман, гласно лаење, влакна низ домот – сето ова...
Кучиња кои обожаваат снег и мачки кои го мразат - Како нивното однесување го покажува тоа? Едните среќно скокаат по снегот, другите бегаат од него како да е најстрашната р...
Митови за животните кои сигурно сте ги слушнале, а не се воопшто точни Кучињата гледаат црно-бело, ноевите си ја закопуваат главата во земја кога се во...

Најчитани неделава