Колкав е просечниот животен век на популарните раси на кучиња (и како да им го продолжите животот)?

Повеќето раси на кучиња живеат по најмалку 10 години. Но, покрај нивниот просечен животен век, многу е важно и како сопствениците се грижат за нив.

kolkav-e-prosechniot-zhivoten-vek-na-popularnite-rasi-na-kuchinja-kako-da-im-go-prodolzhite-zhivotot-01.jpg

Сите би сакале нашите миленици да живеат колку и ние.

Додека постојат мачки и кучиња кои живеат по 20 години, па и повеќе, просечниот животен век на повеќето е 10-тина години.

Кога станува збор за кучиња, нивниот просечен животен век зависи од расата, но и од грижата што ја добиваат од сопствениците.

Неколку фактори кои влијаат врз животниот век на кучињата:

Животен стил

Исто како за луѓето, физичката активност е особено важна и за кучињата.

Не е доволно само да го изнесувате кучето надвор кога треба да оди во тоалет – морате да се осигурате и дека ќе се истрча.

Бидејќи секоја раса има различни потреби, важно е да истражите колку физичка активност му е потребна на вашето куче.

kolkav-e-prosechniot-zhivoten-vek-na-popularnite-rasi-na-kuchinja-kako-da-im-go-prodolzhite-zhivotot-02.jpg

Генерално здравје

Важно е редовно да го носите кучето на преглед и да ги слушате препораките на вашиот ветеринар.

Истовремено, немојте да ги прескокнувате вакцините.

Некои раси се посклони кон одредени проблеми со здравјето, па препорачливо е да истражите и за ова.

kolkav-e-prosechniot-zhivoten-vek-na-popularnite-rasi-na-kuchinja-kako-da-im-go-prodolzhite-zhivotot-03.jpg

Хигиена

Хигиената е клучна за здравјето на вашето куче, па немојте да ја занемарувате.

Неколку совети за одржување хигиена на вашето куче:

  • Чистете му ги шепите по секое излегување надвор.
  • Редовно бањајте го кучето – вашиот ветеринар ќе ви каже колку често во зависност од неговата раса.
  • Ако кучето има долго крзно, редовно чешлајте го.
  • Редовно чистете ги ушите на кучето.
  • Не ја занемарувајте оралната хигиена.
  • Секој ден мијте ги чиниите за храна и вода.
  • Редовно чистете ги играчките на кучето.
  • Редовно чистете го креветчето на кучето или местата на коишто сака да седи и спие.

Секогаш е добро да се консултирате и со вашиот ветеринар за одржување хигиена, во случај вашето куче да има одредени потреби.

kolkav-e-prosechniot-zhivoten-vek-na-popularnite-rasi-na-kuchinja-kako-da-im-go-prodolzhite-zhivotot-04.jpg

Храна

Важно е кучето да јаде квалитетна храна која ги задоволува неговите потреби.

Неопходно е да внесува доволно протеини, масти, јаглехидрати, витамини и минерали.

Затоа, најдобро е да побарате совет од ветеринар во врска со храната за вашето куче.

Истовремено, истражете која „човечка“ храна не е погодна за кучиња.

kolkav-e-prosechniot-zhivoten-vek-na-popularnite-rasi-na-kuchinja-kako-da-im-go-prodolzhite-zhivotot-05.jpg

На следната страница, просечниот животен век на најпопуларните раси на кучиња…



Би можело да ве интересира:

Позитива на денот: Пред и потоа фотки од улични кучиња кои си нашле свој дом Кученце кое едвај преживеало удар од автомобил, куче кое било фрлено на улица – ...
Работи кои мора да ги имате предвид пред да вдомите куче (за да не го напуштите по неколку месеци) Неочекувана дијагноза со скап третман, гласно лаење, влакна низ домот – сето ова...
18 слатки и смешни фотки поради кои ќе посакате да чувате куче „Секогаш кога ќе ја стави главата во кантата за ѓубре, капакот му се заглавува о...
Емилија од Скопје: „Денес си го најдов кучето што ми го украдоа пред 2 години од двор, среде бел ден... „Џипси се роди дома кај мене, пред мои очи... За на 6 месеци некој да ја земе и ...
Ветеринар од Битола, по немила случка со куче (2) од раса бишон, со апел: „Сувото грозје е токсично ... „При јадење и на мала количина на суво грозје кучето треба веднаш да се однесе н...
Кучиња кои обожаваат снег и мачки кои го мразат - Како нивното однесување го покажува тоа? Едните среќно скокаат по снегот, другите бегаат од него како да е најстрашната р...

Најчитани неделава