Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Позитива на денот: Стружанец спасил мало повредено мече на пат од Радожда кон Струга (фото+видео)

Гоце Митрески од Струга нашол мало повредено и дехидрирано мече на патот Радожда-Струга и веднаш го зел со себе за да го однесе на ветеринар. Според „Глас на Америка“, на мечето му била пружена потребната помош и сега е згрижено кај стружанецот.

pozitiva-na-denot-struzhanec-spasil-malo-povredeno-meche-na-pat-od-radozhda-kon-struga-foto-video-01.jpg

Според медиумот Глас на Америка, вчера стружанец спасил мало мече кое го нашол на пат од селото Радожда кон Струга.

Стружанецот Гоце Митрески го нашол малото мече повредено и дехидрирано, па веднаш ја покажал својата хуманост – го зел со себе и го однел на преглед во ветеринарна амбуланта.

pozitiva-na-denot-struzhanec-spasil-malo-povredeno-meche-na-pat-od-radozhda-kon-struga-foto-video-02.jpg

Во амбулантата мечето било прегледано и третирано, а моментално се наоѓа кај Гоце. Од ветеринарот тој добил препораки како да се грижи за него додека мечето да закрепне и може да биде пуштено назад во природата.

pozitiva-na-denot-struzhanec-spasil-malo-povredeno-meche-na-pat-od-radozhda-kon-struga-foto-video-04.jpg

За Глас на Америка, Гоце вели дека веднаш ја известил полицијата и ловното друштво во Струга.

„Мечето тешко се движи и во моментот го имам згрижено во мојот дом, сè до негов транспорт на соодветно место. Барам начин во соодветна здравствена институција да му биде направен преглед, односно скенер на главата.

Во контакт сум и со надлежни државни институции за понатамошен негов третман“, гласи неговата изјава.

pozitiva-na-denot-struzhanec-spasil-malo-povredeno-meche-na-pat-od-radozhda-kon-struga-foto-video-03.jpg

Глас на Америка ја сподели приказната на својот официјален Фејсбук профил, а набрзо потоа беше објавено и видео на кое слаткото мече жедно пие вода во амбулантата.

Во коментарите на двете објави, Фејсбук корисниците го искажуваат својот восхит за добрината на Гоце.

Спирова С. | Црнобело

фото: Глас на Америка

Би можело да ве интересира:

Однесувања со кои кучето ви кажува дека ве сака (а обично не ги забележувате) Сака да се гали откако ќе се најаде и можеби најочигледниот знак – скока радосно...
Новогодишната елка „живее“ додека не ја види миленичето - Животни кои ја уништија празничната магија Ако вашето маче или куче не е среќно што во домот има новогодишна елка, таа чест...
Тажен ден во Скопје ЗОО - Од канцер почина јагуарката Инес „Инес во длабока старост не ја издржа битката со најлошата болест - денеска нè н...
Шимпанзо, гавран – Кои се најинтелигентните животни на планетата? Шимпанзата можеби не го разбираат човечкиот говор, но во минатото неколку единки...
Кучињата растат пребрзо: Забавни пред и потоа споредби од миленици Дали и вие некогаш сте имале искуство да земете мало слатко кученце, кое потоа з...
Како да познаете дали вашето куче има болви (и како да се ослободите од нив)? Најбрзо решение се средствата против болви, но ако не станува збор за сериозен п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg