Риби со нозе и уште 9 животни и инсекти кои се како од друга планета
Знаевте ли дека постојат видови ракови кои си го украсуваат телото со морски сунѓери, со цел да се заштитат од предатори?

Живиот свет е навистина неверојатен – секое живо суштество си нашло свој начин да се адаптира на неговото опкружување.
Поради ова адаптирање, многу животни, инсекти и риби имаат навистина чудни способности и карактеристики.
Неколку забавни факти што одлично го покажуваат ова:
Мајмуните познати како златен лангур (Trachypithecus geei) имаат златно крзно (оттаму и името), но оваа нијанса се менува во зависност од сезоната – во зима крзното им е потемно, а во лето е посветло.

Инсектите од видот Catacanthus имаат навистина уникатна шара – изгледаат како на нив да има лице.

Постојат неколку видови рак, како Hyastenus elatus, кои си го украсуваат телото со морски сунѓери со цел да се камуфлираат.

Куните од видот Eira barbara имаат слаб вид, но се многу добри качувачи. Тие без проблем се качуваат по мазни стебла, некогаш високи и по 40 метри, а уште полесно се спуштаат по нив.

Водните суштества познати како Porpita porpita се многу мали. Но, тие живеат во големи колонии кои служат како скривалиште за некои видови риби.

Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:
7 забавни факти за октоподите – имаат сина крв и три срца
Од неверојатна интелигенција (можат да отвораат дури и тегли) до способност за к...
Кучиња кои обожаваат снег и мачки кои го мразат - Како нивното однесување го покажува тоа?
Едните среќно скокаат по снегот, другите бегаат од него како да е најстрашната р...
Ѓоко од Охрид чува камелеон: „Не сака да се гали, јаде лебарки, вода пие од капките лисја во терариу...
„Ранго го имам неколку месеци. Луѓето кои доаѓаат во моето тату студио секогаш с...