Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


7 вежби за рамен стомак за кои не треба да станете од столот

Петта вежба

За да ги активирате мускулите во долниот дел на стомакот, мора да ги искористите нозете, како во оваа вежба.

Истовремено, осигурете се дека столот на којшто вежбате е стабилен.

Седнете на работа на столот, навалете се и спојте ги нозете.

Фатете се за столот и полека кренете ги нозете додека ви се свиткани. Држете ја оваа положба неколку секунди.

Потоа бавно исправете ги нозете и држете ја и оваа положба неколку секунди.

Наизменично виткајте ги и исправувајте ги нозете – направете 10 повторувања.

7-vezhbi-za-ramen-stomak-za-koi-ne-treba-da-stanete-od-stolot-06.jpg

Шеста вежба

Оваа вежба ги активира предните и страничните стомачни мускули.

Седнете на работ на столот, навалете се и спојте ги нозете (како во претходната вежба).

Со рацете држете се за столот.

Бавно кренете ги нозете малку нагоре додека се свиткани.

Почнете да правите кружни движења со целите нозе, притоа држете ги споени. Треба да почувствувате затегање во стомачните мускули.

Направете по 10 ротации на секоја страна.

7-vezhbi-za-ramen-stomak-za-koi-ne-treba-da-stanete-od-stolot-07.jpg

Седма вежба

Оваа вежба е добра за долните стомачни мускули, но и за мускулите на нозете.

Седнете на работ на столот, навалете се и фатете се за столот со рацете.

Исправете ги нозете и почнете да ги прекрстувате, како ножички.

Правете ја вежбата една минута.

7-vezhbi-za-ramen-stomak-za-koi-ne-treba-da-stanete-od-stolot-08.jpg

Дополнителни совети:

Предноста на овие вежби е што се во седечка положба.

И, додека можеби се ефикасни, мора да земете предвид и други фактори ако сакате да се ослободите од вишокот килограми:

Внимавајте колку калории внесувате според вашата возраст, вашиот пол и нивото на физичка активност.

Јадете балансирани оброци кои содржат протеини, витамини, минерали, но и доволно јаглехидрати.

Консумирајте здрава храна која ќе ве држи сити.

7-vezhbi-za-ramen-stomak-za-koi-ne-treba-da-stanete-od-stolot-09.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

10 вежби за рамен стомак, за почетници (видео) Со само 10 минути на ден, мотивирајте се да почнете да вежбате и да стигнете до ...
6 вежби кои ќе ви помогнат да се ослободите од салото на грбот и колковите Замислете се во нешто тесно, кратко, секси и мотивирајте се за да вежбате редовн...
14 лесни вежби со кои ќе се ослободите од целулитот (видео) За овие вежби ќе ви требаат само 15 минути, а ако ги правите секојдневно, за брз...
5 лесни и ефикасни вежби за жени за кои не ви треба опрема (и може да ги правите секаде) Овие вежби се идеални, бидејќи може да ги правите во кое било време. За нив не в...
Јога рутина за почетници: 10 вежби кои се прават на стол Иако се изведуваат без да станете од стол, овие јога вежби ќе ги истегнат сите п...
Како да уживате во одморот без да се вратите здебелени, според фитнес тренер Ако за ручек изедете нешто помрсно, како гиро, за вечера јадете салата и пијте м...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg